Медената Атиџе полни 58 години - хуманитарна умeтничка аукција за неа

Понеделник, 17 Јануари 2022

Портрет со ликот на Атиџе Муратовска, филмската хероина од „Медена земја“ која денес полни 58 години, е објавен на аукциска продажба, како хуманитарна акција за нејзиниот роденден.
Уметничкиот портрет со нејзиниот лик на кадар од филмот, е изработен од уметникот Саше Милевски со цел да се овековечи нејзиниот лик и пораката која таа ја праќа во филмот до целиот свет за рамнотежата на животот помеѓу човекот и природата.

Почетната цена на аукцијата е 10.000 денари, а сите средства од продажбата ќе и бидат доделени на Атиџе по повод нејзиниот роденден.

Хуманитарната роденденска аукција ќе трае 24 часа. Купувачот на портретот со техника акрил на платно, димензии 70х90 ќе има можност лично да и' ги врачи средствата од аукциската продажба на самата славеничка Атиџе Муратовска. Аукијата е објавена на фејсбук профилот на Сузана Турунџиева, пријателка на Атиџе.

Сузана во многу прилики пред и зад камерите се обидува да ѝ го олесни постоењето на хероината од „Медена земја“ во обид јавноста да не ја заборави. Тоа го прави несебично и со многу љубов, инспирирајќи и потсетувајќи ја јавноста дека за добрина не е потребна причина. Сузана на сцијалните мрежи сподели фотографија на која се прегрнати со Атиџе во чиј опис испрати силна порака: „Светот е преполн со добри луѓе… Ако не можеш да ги пронајдеш, биди еден (една) од нив“, напиша Турунџиева.
Last modified on Понеделник, 17 Јануари 2022 - 14:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.