Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Понеделник, 17 Јануари 2022

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва ја изгласаа новата македонска Влада која ќе ја предводи новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Два дена траеше дебатата меѓу пратениците. Опозицијата не го поддржа новиот владин состав, наведувајќи дека тој нема легитимитет и дека сметаат оти ќе ги продолжи политиките на претходната Влада на Зоран Заев. Тие бараат да бидат организирани брзи предвремени парламентарни избори. Пратениците кои ја поддржаа Владата, велеа дека таа црпи легитимитет од парламентарните избори во 2020 година.

Ковачевски во завршните зборови, пред гласањето, им се заблагодари на пратениците за поддршката, но и за критиките и наведе дека се надева оти опозицијата ќе биде конструктивна во носењето на одлуките во интерес на граѓаните. Тој додаде дека со работа во Владата ќе почнат веднаш, особено на решавање на енергетската криза.

- „Легитимитетот на Владата е неспорен, и со зголемената поддршка на мнозинството одржливо во следните две ипол години. Јасно и гласно потврдувам дека избори ќе има, но во 2024 година. До тогаш ќе работиме посветено на економијата и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните“, рече Ковачевски.

Собранието вечерва го изгласа новиот владин состав од 21 министер. Од кадрите кои ги предложи СДСМ,
- Славица Грковска е избрана за вицепремиерка за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси;
- Славјанка Петровска за министерка за одбрана;
- Никола Тупанчевски за министер за правда;
- Љупчо Николовски за министер за земјоделство;
- Јована Тренчевска за министерка за труд и социјална политика;
- Бисера Костадинова Стојчевска за министерка за култура;
- Бојан Маричиќ за вицепремиер за европски прашања;
- Фатмир Битиќи за вицепремиер задолжен за економски прашања;
- Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи и Благој Бочварски за министер за транспорт и врски.

Во однос на кадрите кои беа предложени од ДУИ, повторно како и во претходната Влада избрани се:
- Артан Груби за прв заменик премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците;
- Бујар Османи министер за надворешни работи; Крешник Бектеши министер за економија; - Фатмир Бесими министер за финансии;
- Насер Нуредени министер за животна средина и просторно планирање и
- Јетон Шакири министер за образование и наука.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе го води Адмирим Алити од Алтернатива – партијата која е новиот партнер во владината коалиција, од каде исто така министер за здравство ќе биде Беким Сали, а Џемал Чупи министер без ресор задолжен за дијаспора.
Министер за локална самоуправа останува Горан Милевски од ЛДП.

Утре во 9 часот во Владата е закажано примопредавањето на функцијата премиер од Зоран Заев на Димитар Ковачевски.

 

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Македонија – ЦУК повикува на внимателност

Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.

Повеќе

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.