Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Недела, 16 Јануари 2022

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската конзервна индустрија и еден од најголемите производители и извозници на преработки од зеленчук и овошје, која извезува речиси 100% од производството.
Од мала семејна компанија основана во 1991 година, гевгелиската “Вори” на изтекот од годината успеа да се најде на листата 100 најголеми македонски ивозници за 2020 година, објави „извоз.мк“. Пред две години компанијата “Вори” беше посочена и како една од петте фирми скриени шампиони во Македонија со голем потенцијал за раст благодарение на успешните извозни позиции во регионот и пошироко.

На чело на компанијата “Вори” е Јорданка Ристова

Taa за годината која измина, за компанијата “Вори” како и за повеќето компании од државата оценува дека беше полна со предизвици. Состојбата со пандемијата со Ковид 19 бараше многубројни прилагодувања на производните процеси со цел да се заштитат вработените, но истовремено да се обезбеди и континуитет на производството и целокупното работење.
Среќа е што во ниеден момент побарувачката за нашите производи не опадна, напротив се зголеми. Но, пандемијата се' уште трае и понатаму ни' го отежнува работењето.
Сите се надеваме на што побрз крај и враќање во нормала, но изгледа ќе мора да почекаме тоа да се случи, оценива Јорданка.

Изминатиов период на глобално и на локално ниво има тренд на поскапување на цените, но и пораст на сите трошоци во работењето, почнувајќи од суровини, транспорт…Ристова одговара каква е ситуацијата во конзервната индустрија и како компанијата „Вори“ одговара на овие предизвици.

- „За жал и во конзервната индустрија состојбата е идентична. Сите репроматеријали се поскапени почнувајќи од мазут, нафта, плин, електична енергија, лим, стакло, хартија, масло, шеќер, свежи земјоделски производи. Голем дел од овие поскапувања не' затекнаа токму за време на нашата главна производна сезона. Производните трошоци многу се зголемија и бевме принудени да бараме прифаќање за поскапување на договорените продажни цени од страна на нашите купувачи“ посочи Ристова.

“Вори” годинава се најде меѓу 100-те најголеми македонски извозници. За тоа каков беше патот од основањето до овие производни и извозни достигнувања на фирмата, Ристова вели:

- „Вори“ е семејна компанија која е основана во 1991 година. Наша главна дејност е производство на храна и тоа: ајвар, ѓувеч, тавче гравче, лутеница, различни салати од зеленчук, феферони, доматни сосови, разни деликатесни и здрави производи, традиционални слатка и слично.
Во моментот имаме 120 вработени лица на неопределен временски период. Приходите минатата година ни беа околу 7 милиони евра, а во таа рамка ја завршивме годината'.
Нашето производство првенствено е наменето за извоз или 99,8% се продава на странските пазари, а многу мал дел може да се најде и на македонскиот пазар.
Од самиот почеток се определивме за тој пат и се уште е така. Извозот отсекогаш бил многу значаен за нашата компанија, двигател за развој и напредок.

На прашањето „Кои производи најмногу ги извезува гевгелиската производна компанија „Вори“ и кои се најголеми извозни пазари до кои продреле, Ристова одговори:

- „ Наш главен производ е ајварот, кој е и најизвезуван производ. Но, и сите останати производи кои се дел од нашиот асортиман се наменети за извоз, Присутни сме на пазарите во голем број на држави ширум Европа. Доколку имате константен квалитет и квантитет побарувачката континуирано расте и вратите се ширум отворени не само за постоечките, туку и за нови пазари“.

Ако се гледа од микро аспект на компанија, што е најважно за успех во извозот во прехранбената и конзервната индустрија? Што би издвоиле како најважни фактори за извозниот успех на “Вори”? - одговара Ристова за ИзвозМК.

- „Најважно од се е да се има квалитетни производи. За да се постигне тоа, секојдневно се вложува огромен труд од страна на сите вработени лица во “Вори”, но и континуирано се инвестира во набавка на нови технологии.
Оваа прилика ја користам да ги поздравам сите наши врабoтени и да им искажам огромна благодарност за идеите, посветеноста и одговорното работење.
Благодарение на сето горенаведено доаѓаат и резултатите кои се обидуваме да ги одржиме и подобриме уште повеќе.

За очекувањата во Новата 2022 година во поглед на резултатите, извозните активности, раководителката на компанијата „Вори“ го искажа следново:
- „Мислам дека 2022 година ќе биде тешка и неизвесна година за сите, па и за производителите на храна. Се соочуваме со огромни поскапувања на сите репроматеријали и сето тоа ќе се одрази на реализацијата на планирани производни активности и цената на готовите производи.
Сепак нашите производи не спаѓаат во групата на луксузни производи и сe надевам дека продажбата нема да опадне, туку и понатаму ќе оди во нагорна линија.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Македонија – ЦУК повикува на внимателност

Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.

Повеќе

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.