Кирјос: Ѓоковиќ го третираат како оружје за масовно уништување, сакам да игра и да го освои АО

Сабота, 15 Јануари 2022

Ник Кирјос, еден од најголемите критичари на Новак Ѓоковиќ, изминатата недела се претвори во најголемиот поддржувач на српскиот тенисер. Кирјос, уште еднаш ја критикуваше Владата на Австралија, за односот што го има кон деветкратниот освојувач на Австралија опен.
Кирјос, својот став го кажал во подкастот „Без граници“. Открил дека, Ѓоковиќ на „Инстаграм“ му се заблагодарил за поддршката.

- „Тој не очекуваше дека јас вака ќе реагирам. Очигледно е под голем притисок, целиот свет е против него. Го третираме како Новак Ѓоковиќ, а не како човек. Замислите како се чувствува тој. Мислам дека му е потребна искрена човечка поддршка. Од мене ја има“, рекол Кирјос.

Австралискиот тенисер, открил дека негова желба е Ѓоковиќ не само да ја добие правната битка со Владата на неговата земја, туку и да победи во Мелбурн. Открил и како би ја прославил евентуалната победа на Ѓоковиќ.

- „Тој министер, Алекс Хок, вели дека Новак Ѓоковиќ е закана за нашите граници, јас велам дека тоа не е точно. Ние го третираме како тој да е оружје за масовно уништување. Дојде да игра тенис, ги разбирам нападите дека не е вакциниран, но тој има документација кој му овозможува да игра. Целиот бес го насочија кон него за да го исфрлат од земјата. Ништо лошо не направил, тој само сака да игра тенис. Важно е да игра овде, важно е за спортот!

- „Знате што сакам? Сакаме еб**о да го освои Австралија опен и потоа јас да шетам со маица на која пишува. „Одиме“ и со маска Новак Ѓоковиќ. Тоа би било еб**.о сјајно“. заклучил Кирјос.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пресудa за „ТНT“:: 9 години затвор за Груевски, 3 години за Јанакиески

Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во

Повеќе

Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград

Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на

Повеќе

Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија

Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој

Повеќе

IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“

Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -

Повеќе

77 години СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го одбележа патрониот ден. Со низа

Повеќе

Лишен од слобода 52 годишен гевгеличанец

Вчера попладне, на 12.05.2022 во 15.15 часот полициски службеници од ОВР

Повеќе

Поставен камен темелник на нов продажен центар на Мебел-Ви во Струмица

Македонскиот гигант во индустријата со мебел „Мебел - ВИ“ од Виница се

Повеќе

Општина Гевгелија и УНХЦР со помош за социјално-ранливите семејства

Моника Сандри, претставничката на УНХЦР во нашата земја при вчерашната посета

Повеќе

Златен медал за МК на Балканската математичка Олимпијада

Историски успех – Македонските средношколци се враќаат со златен медал од

Повеќе

Ковачевски: Ова е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со архиепископот охридски и

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.