14 години незаборав за гевгелискиот Хектор

Среда, 12 Јануари 2022

Денес се одбележа 14 годишнината од смртта на Капетан Игор Ѓорески - Хектор, постхумно одликуваниот за воен воздухопловен ветаран, прогласен за паднат борец, кој трагично загина со својот вод на воздухопловниот ВИН кој беше на акција на АЛТЕА во БиХ.
По тој повод денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен бистата во паркот пред Народниот театар во Гевгелија.

Во трагичната хеликоптерска несреќа кај Блаце, Кумановско, на враќање во Македонија, загинаа сите 12 членови на екипажот, меѓу нив и армискиот пилот, капетан Игор Ѓорески-Хектор (1976-2008) од Гевгелија.
во 2009 година општина Гевгелија на капетан Ѓорески постхумно му ја додели највисоката општинска награда „7 Ноември" за животно дело.

Во услови на намалена видливост, поради маглата, армискиот хеликоптер Ми-17 ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.

Во несреќата немаше преживеани, а загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.

Почит и и незаборав за гевгелискиот Хектор кој почина на прагот од својот дом пред слетувањето во Македонија и на сите настрадани во хеликоптерската несреќа.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Македонија – ЦУК повикува на внимателност

Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.

Повеќе

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.