Нова управа на КК „Кожув“ - Гевгелија

Среда, 05 Јануари 2022

Гевгелискиот кошаркарски клуб „Кожув“ пред крајот на 2021 постави нова управа која за својот предизвик доверена од членовите кои гласале за нив, најавуваат дека ќе работат со нов концепти со акцент на младинските категории.
Така со почетокот на новата 2022 година, вториот дел од сезоната, Кошаркарскиот клуб „Кожув“ ќе го дочека во сосема поинаква атмосфера од онаа која владееше последните месеци.

На чело на управата е поставен Зафир Чучанов како претседател на клубот и Драган Лазаровски како спортски директор. Станува збор за поранешни кошаркари, „деца“ на Кожув кои ги поминале сите младински категории во клубот за потоа да заиграат и во сениорската екипа.

Чучанов играше за „Кожув“ кога оваа екипа се натпреваруваше во Втората лига, а потоа беше член и на „Пелистер“ и поранешниот прволигаш „Бест“. Успешен е и на приватен план, со развиен бизис во Гевгелија. Лазаровски, покрај „Кожув“, беше играч и на „Вардар Линеа“, „Плејмејкер Кубус“ за и тој да ја заврши кариерата во „Бест“ каде неколку години работеше и како тренер. Во моментов, тој работи во приватна фирма како оперативен менаџер.

Новата управа на чело со Чучанов и Лазаровски влегува во клубот со нови идеи и стратегии за промоција на кошарката и, пред се, младите кошаркари. КК „Кожув“ Гевгелија е стандарден прволигаш веќе една деценија, а во 2013 година го оствари најголемиот успех со пласманот во финалето од плеј-офот. Лани за малку се спаси од испаѓање, во плеј-аутот против „Црн Дрим“ и новите челници ќе се обидат да спречат клубот повторно да се најде во слична ситуација.



 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград

Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на

Повеќе

Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија

Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој

Повеќе

IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“

Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -

Повеќе

77 години СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го одбележа патрониот ден. Со низа

Повеќе

Лишен од слобода 52 годишен гевгеличанец

Вчера попладне, на 12.05.2022 во 15.15 часот полициски службеници од ОВР

Повеќе

Поставен камен темелник на нов продажен центар на Мебел-Ви во Струмица

Македонскиот гигант во индустријата со мебел „Мебел - ВИ“ од Виница се

Повеќе

Општина Гевгелија и УНХЦР со помош за социјално-ранливите семејства

Моника Сандри, претставничката на УНХЦР во нашата земја при вчерашната посета

Повеќе

Златен медал за МК на Балканската математичка Олимпијада

Историски успех – Македонските средношколци се враќаат со златен медал од

Повеќе

Ковачевски: Ова е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со архиепископот охридски и

Повеќе

Одбележан патронот на ООУ „Ристо Шуклев' Негорци

Цвеќе за патронот, спортски игри и училишни претстави, се активностите со кои

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.