Македонски дизајнер го креираше најновиот изглед на Мерцедес

Четврток, 30 Декември 2021

Најновиот модел на Мерцедес, „Mercedes CLA Shooting Brake“, по нацрт на Славче Таневски ги собра аплаузите на саемот за автомобили во Женева.

Привилегија, или умешност?

Познатиот бренд од светски ранг „Mercedes-Benz“ освен врвни механички прформански за своите возила одсекогаш бара и дизајнери кои со својата визија ќе го воодушеват светот. Многумина сонуваат да возат мерцедес, но малкумина можат да учествуваат во неговата креација. Тоа му појде од рака на младиот македонски дизајнер Славче Таневски чија креација ја испишува новата историја и новиот изглед на Мерцедес.

Неговиот дизајн е оценет како подвижно уметничко дело во стилот на дигиталната ера.

- „Мерцедес имаше голема премиера. Вниманието на светските медиуми е огромно. Посебен момент за мене беше тоа што лично го промовирав автомобилот. Лично возев до бината“, вели Таневски.

Вообичаена пракса е тоа да го прави некој од бордот на директори, а фактот дека Таневски ја имал таа чест се смета за исклучително признание.

Но, како Таневски станал еден од најпрестижните дизајнери на Mercedes-Benz?

Роден е во Свети Николе. Црта од дете, наследувајќи го талентот за цртање од неговата мајка, а интересот за машини од татко му. За Гласот на Америка на македонски Таневски скромно вели дека се нашол на вистинско место во вистинско време. Студирал во Германија, учел од германски врвни дизајнери. Победил на конкурс за дизајн по што следела поканата од Мерцедес.

- „Никогаш не сум имал план Б. Од секогаш знаев што сакам да бидам. Се ангажирав, се насочував кон тоа. Користам многу самоиницијатива. Константно учев правила на цртање, перспектива, софтвери, барав туторијали на интернет. Се информирав каде може да студирам и сето тоа ме донесе до Минхен на Факултетот за дизајн во 2007 година“, вели тој.

И самиот заминат од Македонија на 19 години, тој разбира зошто младите гледаат преку границите за поголеми можности.

- „Со голема ангажираност, љубов, труд и залагање може да се успее. Треба да се има пасија за тоа што се работи и што се учи. Да се има фокус. Да знаете што сакате. Која ви е целта. Во денешно време ја имате секоја информација на дланка и има многу повеќе можности од порано“, вели Таневски.

Таневски е еден од најмладите дизајнери во Мерцедес, така што неговите дизајни допрва ќе ги освојуваат патиштата низ светот.

Last modified on Четврток, 30 Декември 2021 - 05:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.