Македонски дизајнер го креираше најновиот изглед на Мерцедес

Четврток, 30 Декември 2021

Најновиот модел на Мерцедес, „Mercedes CLA Shooting Brake“, по нацрт на Славче Таневски ги собра аплаузите на саемот за автомобили во Женева.

Привилегија, или умешност?

Познатиот бренд од светски ранг „Mercedes-Benz“ освен врвни механички прформански за своите возила одсекогаш бара и дизајнери кои со својата визија ќе го воодушеват светот. Многумина сонуваат да возат мерцедес, но малкумина можат да учествуваат во неговата креација. Тоа му појде од рака на младиот македонски дизајнер Славче Таневски чија креација ја испишува новата историја и новиот изглед на Мерцедес.

Неговиот дизајн е оценет како подвижно уметничко дело во стилот на дигиталната ера.

- „Мерцедес имаше голема премиера. Вниманието на светските медиуми е огромно. Посебен момент за мене беше тоа што лично го промовирав автомобилот. Лично возев до бината“, вели Таневски.

Вообичаена пракса е тоа да го прави некој од бордот на директори, а фактот дека Таневски ја имал таа чест се смета за исклучително признание.

Но, како Таневски станал еден од најпрестижните дизајнери на Mercedes-Benz?

Роден е во Свети Николе. Црта од дете, наследувајќи го талентот за цртање од неговата мајка, а интересот за машини од татко му. За Гласот на Америка на македонски Таневски скромно вели дека се нашол на вистинско место во вистинско време. Студирал во Германија, учел од германски врвни дизајнери. Победил на конкурс за дизајн по што следела поканата од Мерцедес.

- „Никогаш не сум имал план Б. Од секогаш знаев што сакам да бидам. Се ангажирав, се насочував кон тоа. Користам многу самоиницијатива. Константно учев правила на цртање, перспектива, софтвери, барав туторијали на интернет. Се информирав каде може да студирам и сето тоа ме донесе до Минхен на Факултетот за дизајн во 2007 година“, вели тој.

И самиот заминат од Македонија на 19 години, тој разбира зошто младите гледаат преку границите за поголеми можности.

- „Со голема ангажираност, љубов, труд и залагање може да се успее. Треба да се има пасија за тоа што се работи и што се учи. Да се има фокус. Да знаете што сакате. Која ви е целта. Во денешно време ја имате секоја информација на дланка и има многу повеќе можности од порано“, вели Таневски.

Таневски е еден од најмладите дизајнери во Мерцедес, така што неговите дизајни допрва ќе ги освојуваат патиштата низ светот.

Last modified on Четврток, 30 Декември 2021 - 05:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пресудa за „ТНT“: 9 години затвор за Груевски, 3 години за Јанакиески

Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во

Повеќе

Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград

Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на

Повеќе

Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија

Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој

Повеќе

IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“

Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -

Повеќе

77 години СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го одбележа патрониот ден. Со низа

Повеќе

Лишен од слобода 52 годишен гевгеличанец

Вчера попладне, на 12.05.2022 во 15.15 часот полициски службеници од ОВР

Повеќе

Поставен камен темелник на нов продажен центар на Мебел-Ви во Струмица

Македонскиот гигант во индустријата со мебел „Мебел - ВИ“ од Виница се

Повеќе

Општина Гевгелија и УНХЦР со помош за социјално-ранливите семејства

Моника Сандри, претставничката на УНХЦР во нашата земја при вчерашната посета

Повеќе

Златен медал за МК на Балканската математичка Олимпијада

Историски успех – Македонските средношколци се враќаат со златен медал од

Повеќе

Ковачевски: Ова е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со архиепископот охридски и

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.