Хорот од Бигорскиот манастир запеа во Атина

Недела, 05 Декември 2021

Прв меѓународен настап на црковен хор од Македонија во соседна Грција. Овој пат се работи само за духовни песни, но е сепак чин на приближување на односите помеѓу Македонската и Грчката православна Црква.

Со долг аплауз и воодушевување од присутните беше поздравен настапот на монашкиот хор при Бигорскиот манастир за време на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика што се одржува во Атина, што воедно беше и прво нивно вакво претставување во грчката престолнина, јави дописничката на МИА од Атина.
Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура на Грција, општината Атина и атинската архиепископија и воедно станува збор за прв настап на македонски хор на ваков официјален настан кај јужниот сосед.

- „Ова е првпат во нашата понова историја, хор од нашата црква да присуствува на еден ваков настан, официјален настан на Грчката православна црква и сметаме дека пеењето беше доста успешно, бевме доста успешно примени од публиката“, истакна Отец Анатолиј, одговорен за машкиот хор од Бигорски Манастир за значењето на настапот и впечатоците од приемот кај публиката.

Првиот меѓународен фестивал на православна црковна музика се одржува во Атина од 3 до 5 декември 2021 година, а Бигорскиот монашки хор и денеска и утре ќе учествува на различни настани.
„Слава оцу и суну и светоме духу“ се разлеа денеска низ црковните храмови во Атина.

Last modified on Недела, 05 Декември 2021 - 20:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Македонија – ЦУК повикува на внимателност

Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.

Повеќе

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.