Топ Новости

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Недела, 21 Ноември 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во саботата навечер, бидејќи победи на виртуелниот натпревар за Мис на Земјата 2021 година и стана првата Белизејка што победила на голем меѓународен натпревар.

„Мојата земја никогаш претходно не се пласирала на Мис на Земјата, ниту сме имале меѓународна круна. Така, во моментов, ова е она што ни требаше и среќна сум што претставувам таква прекрасна земја. Во моментов сум преплавена со емоции. Зборовите и благодарноста е многу тешко да се изразат. Но, јас сум благодарна. Благодарна сум на организацијата Мис на Земјата и благодаран и на мојот тим“, рече Вагнер по победата на натпреварот.

Претходно во саботата, Дестини се огласи на социјалните мрежи информирајќи ги жителите на Белизе дека е чест да се претставува скапоцен камен. „Без разлика што ќе се случи вечерва, јас секогаш ќе ве претставувам со гордост и радост и ќе се залагам за нашата прекрасна планета“, рече Дестини.

Својот настап во саботата вечерта Дестинј го посвети на нејзиниот најдобар пријател Џордан Перез за кој рече дека „ме поддржуваше во сите мои напори и многу ми недостига“ бидејќи тој повеќе не е жив. „Знам дека тој (Џордан Перез) беше со мене во текот на овој процес и ќе продолжи да биде со мене“, рече новокрунисаната Мис на Земјата за 2021 година пред натпреварот.

За време на последниот дел со прашања и одговори, Топ 4 натпреварувачи - Белизе, САД, Тајланд и Чиле - беа прашани колку далеку може да оди технологијата за да помогне да се спаси еколошката ситуација во која моментално се наоѓа светот. Во одговорот, Дестини рече: „Јас сум толку благодарни што живеам во дигитална ера во моментов. Поради технологијата, можеме да ја шириме свеста за работите што се случуваат не само во мојата земја туку и во другите земји“.

„Сепак, технологијата може да се користи и за да се спаси нашата животна средина, бидејќи со инкорпорирање на иновации и технологија, како и одржливост, можеме да ги искористиме тие две работи за да се здружат. Многу сум благодарна што сум жена сега во 2021 година и што можам да имам пристап до овие работи како што се сончевата енергија и обновливите извори на енергија. Кога ќе се измешаме, нема ништо што не можеме да направиме. Благодарна сум што сум во дигиталната ера на технологијата и таа ќе биде искористена за да се спаси планетата“, додаде таа.

Дестини од Белизе беше на врвот на 87 други делегати кои учествуваа во натпреварот за преземање на круната. Од последните четири натпреварувачки, Американката Мариса Батлер победи на Мис на Земјата- Воздух, Чилеанката Ромина Денекен беше избрана за Мис на водата на Земјата, а Тајландката Баитонг Јарират Пецом е прогласена за Мис на Земјата - Оган.

Минатогодишната круна ја освои Американката Линдзи Кофи (29), која ја предаде круната за Мис на Земјата на Дестини Вагнер (20) од Белизе, коај потекнува од Пунта Горда, Толедо.

Меѓу претставничките од светските земји беше и гевгеличанката Ана Брзанова која ја претставуваше Македонија како носителка на титулата Miss Earth Nort Macedonia 2021.

Во 2020 година, изборот за Мис на Земјата успешно го одржа својот прв виртуелен натпревар и по неговиот успех, организацијата одлучи да го одржи натпреварот во 2021 година и виртуелно.

Last modified on Недела, 21 Ноември 2021 - 12:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.