После едно годишна пауза предизвикана од пандемијата, валандовчани повторно се собраа на заедничко печење ракија од вкусното грозје од валандовското поднебје. Инвентивните мајстори ја презентираа и ракијата направена од калинка - плодот исто така по кој е познат Валандово и валандовско.
На просторот од Базенот во Валандово, на отворено, зачуреа оџаците на 20 пријавени натпреварувачи, марифетите на мајсторите на жестоката напивка беа презентирани на дело. Учесниците се натпреваруваат во производство на лозова ракија со марифет пренесуван генерации наназад. Секогаш победуваат нијансите и квалитетот се издига на ново повисоко ниво.
Стручното жири го набљудуваше целиот процес на подготовка на ракијата и ги прогласи најдобрите мајстори на стариот занает на овогодинешната Валандовска Ракијада 2021:
- Прво место годинава освоија Ѓорги Пандев и Никола Смиланов;
- Второ место: Марјан Ташков и Слободан Џилвиџиев;
- Трето место: Ѓорги Дончев и Константин Гетов.
Инаку, тимот од ревијалниот дел, произведуваше ракија од калинка, како нов метод во заедницата и можност за надградување на традицијата.
Организаторот на традиционалната манифестација додели признанија и врачи благодарници за учеството на сите учесници.
Image Gallery
https://www.gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=6680:rakijada-vo-valandovo&Itemid=585#sigProGalleriade163dd864
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август