Валандово го одбележа Денот на ослободувањето

Сабота, 06 Ноември 2021

Општинскиот празник 6-ти Ноември, Денот на ослободувањето на општина Валандово денеска беше одбележан со доделување на општинските награди на заслужни граѓани од Валандово.

Во холот на Домот на култура "25 Мај" - Валандово, се одржа свечен настан на кој беа доделени "6-то Ноемвриската" награда и општински признанија за постигнат успех во 2021 година.

Највисоката општинска награда "6-ти Ноември" за 2021 година беше доделена на:
- Фудбалскиот клуб КМФ #Проект - Јосифово.
КМФ Проект, годинава беше државен шампион во мал фудбал и забележи успешен настап на европската фудбалска сцена. Преку своите успеси ја промовираше општина Валандово и ги поттикна младите луѓе од заедницата да спортуваат и победуваат.

Општински признанија за 2021 година беа доделени на:
- Д-р Борислав Калковалиев
- репрезентативките Драгана Гегова и Катерина Петкова
- Здружение на лозари "МАК ВРАНЕЦ" - Пирава Валандово
- Сојуз на борци - Валандово
- ТППЕ - Валандово
- ЈП Национални шуми - подружница Саланџак - Валандово
- ДЗС - Валандово
- ФК Младост - Удово
Нека е честит и вековит празникот на општината - Денот на ослободувањето на Валандово.



Last modified on Сабота, 06 Ноември 2021 - 20:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.