Веќе пет месеци трае интересот за титуларот Miss World North Macedonia , а за среќа тоа е нашата 21 годишна гевгеличанка Ана Брзанова.
По неколкуте претставувања на светскиот избор на убавици Miss World што се одржува овој месец на Филипините, Ана денеска е пред камерите на ТВ емисијата „Backstage“.
За изборот и понесената титула Miss World North Macedonia, за нејзиниот интерес за манекенството, за победите во животот зборува лично нашата Ана.
Интелигентна девојка, студентка на финансиски менаџмент и голем оптимист дека во животот се' може да се победи, ако не се предадеш.
Таа во интервјуто остана емотивно отворена за својата победа над канцерот на лимфните жлезди во своето тело, за хемотерапијата, губењето на косата, анорексичноста, третманот на опоравување и враќањето на модните писти, за прв пат пред ТВ камерите за домашната јавност. Психичката сила и решеноста да оздрави ја вратиле назад на своите животни определби, да го живее животот со полни гради и решена да не молчи бидејќи секогаш треба да се мотивираат другите да не се откажуваат од борбата за своето здравје.
Што уште има да порача нашата гевгелиска, а светска убавица погледнете од видеото:
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август