Топ Новости

Висока излезност во Гевгелија до 11 часот

Недела, 31 Октомври 2021

Денешниот втор круг на гласање од изборниот процес во Гевгелија се одвива непречено на сите 36 избирачки места, известуваат од Општинската изборна комисија за Гевгелија.

Според пресекот на излезност направен во 11 часот во општината своето гласачко право дос сега го остварила 3.767 граѓани. Од вкупно запишаните 19.076 граѓани во единствениот избирачки список за Гевгелија тоа значи излeзност од 19,75%.

Ако ги додадеме и гласовите на болните, изолираните и затворениците кои гласаа во текот на вчерашниот ден ( гласаа 251 лице),  бројот на граѓани од општина Гевгелија кои се изјасниле на овие избори до сега изнесува 21,06%.

Гласачкиот ден продолжува до 19 часот.

Од ОИК известуваат дека процесот на изјаснување на граѓаните се одвива без проблеми, нема застои на избирачките места, нема проблеми со фингерпринтите и граѓаните можат слободно да пристапат на гласање до утврдениот термин за гласање.



Last modified on Недела, 31 Октомври 2021 - 12:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.