Петок - ден за домашно гравче

Петок, 29 Октомври 2021

Традиционален мешункаст плод - гравот, познат и присутен во многу кујни во светот, е дел и од македонската традиционална кујна. Неговата застапеност е пред се поради хранливоста на плодот, но и поради лековитите својства. Научниците открија дека исхраната богата со грав може да го намали ризикот од срцеви заболувања и одредени видови на рак. Упатствата за здрава исхрана на американската влада од 2005 година препорачуваат неделна доза од три шолјички грав.

Тоа значи дека традиционалните домашни навики, еден ден во неделата да се приготви грав е корисна и препорачлива.
Позната е народната традиција дека петок е ден за грав. Но, Вработените домаќинки се соочуваат со проблемот време за да го приготват, бидејќи се потребни неколку часови за да се свари.

Постојат два многу едноставни трикови со кои можете да го решите овој проблем.

1. Сода бикарбона

Повеќето домаќинки знаат дека гравот треба да се натопи во ладна вода преку ноќ. Но, за да се готви побрзо, „повикајте ја на помош“ сода бикарбоната.
Имено, добро е да додадете една лажичка сода бикарбона кога готвите грав во првата вода. Оставете го гравот да врие најмалку 15 минути, а потоа исцедете ја водата и додадете малку масло.

2. Домашна ракија

Посипете ладна вода во сооднос 4:1 на гравот што ќе го готвите, односно за половина килограм грав да има два литра вода. Во него додадете 50 милилитри ракија и сè заедно сварете. Кога вака готвите грав, искуството вели дека е доволно да се крчка 45-50 минути и да биде целосно готов.

Секако, времето кое ќе го потрошите на готвење најмногу зависи од неговиот вид и квалитет. Лошиот квалитет и стариот грав тешко се готват и може да остане „тврд“ дури и по долга термичка обработка.

Инаку, со просечна потрошувачка од 21,6 кг по домаќинство, гравот е 7-от зеленчук застапен на домашната трпеза според употребата во Македонија во 2017 година.

Зошто гравот е добар за здравјето?

Гравот има висока енергетска вредност и ги содржи речиси сите есенцијални амино киселини. Гравот е добар извор на протеини, а за разлика од другите извори на протеини, содржи малку маснотии и нема заситени масти и холестерол. Асортиманот на фитохемикалии кои се наоѓаат во гравот ги штити клетките од рак и го забавува растот на туморот. Истражувачите од Харвард велат дека жените кои консумираат грав најмалку два пати неделно имаат 24 отсто помали шанси да развијат рак на дојка, срцеви заболувања, дијабетес тип 2, висок крвен притисок и рак на дебелото црево.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.