Актерската ѕвезда од „Ѕвездени Патеки“, 90 годиниот Вилијам Шатнер го оствари летот на „Blue Shepard“ на 13 октомври и со тоа стана најстариот човек кој отишол во вселената. А, веднаш по летот – се расплака.
Слетувањето на 90-годишниот Вилијам Шaтнер беше пречекан од Џеф Безос со шише шампањско, но беше толку обземен со силни емоции што единтвено успеа да го сподели неверојатното искуство кое тој го опиша како „смрт“.
Актерот кој со декади го глумеше Капетан Џејмс Т. Кирк во „Ѕвездени Патеки“, и е всушност пасиониран истражувач на вселенски и екстратерестријални приказни во својот серијал „Unexplained“, делува дека ја достигна својата мисија во живот.
Шатнер беше еден од членовите на екипажот во ракетата „New Shepard“ на „Blue Origin“ на Џеф Безос, која полета во 10:49 наутро во по источно време, леташе 100 илјади метри над Земјата и по 11 минутен лет се врати на наше тло.
Патниците искусиле неколку минути безтежинска состојба и ја имале ексклузивната можност да го погледнат закривениот раб на Земјата пред да се упатат назад, а искуството го обзема Шатнер со емоции кои ги сподели со Џеф Безос низ солзи.
„Ова што ми го овозможи е најсуштинско искуство. Јас сум толку преплавен со емоции за ова што сега се случи. Неверојатно е.
Шетнер раскажува сиот обземен од убавината на Земјата и преминот кон темнината во Вселената, за која вели дека е како поглед во смртта: „Дали тоа е како изгледа смртта? Тоа беше толку занесно“- раскажува Шатнер.
Во еден момент од раскажувањето Шатнер се тргнува на страна и ги брише солзите од своето лице:
- „Тоа е толку многу поголемо од мене и животот. Нема никаква врска со малите зелени човечиња… Има со големината и од брзината и од одеднашноста на животот и смртта“
Екипажот покрај Шатнер се состоеше од поранешниот инженер на НАСА Крис Бошуизен, претприемачот за здравство Глен де Врис и потпретседателот на мисијата и операцијата на летот, Одри Пауерс.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во