Топ Новости

Приведен кријумчар на мигранти кај Богородица, друг заработи Кривична пријава

Четврток, 14 Октомври 2021

Јужната граница продолжува да биде мамка на лица со криминални намери за заработка од нелегален транспорт на мигранти. Последниот извештај на МВР известува за два нови случаи во кои актери на криминалното дејство се жители на Скопје.

Вчера, среда, на 13.10.2021 околу 20:00 часот на влезот за с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје. При контрола во возилото „Пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вториот случај на казниво криминално дело според Кривичниот законик на РМ е повторно со дејство на жител од Скопје.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, реадмисија и странци при СВР-Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Д.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца” предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик.
На 28.09.2021 околу 18:30 часот, на влезот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, при контрола на патничко возило „Мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, констатирале дека не поседува лиценца за вршење на авто-такси превоз и сертификат за авто-такси возач, а во возилото биле затекнати две лица државјани на Р.Куба.

Приведениот З.Љ е во ПС Гевгеија, а А.Д. треба да се јави на распит кај Јавен обвинител за покренатата Кривична пријава против него.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

Странци затекнати во Гевгелија протерани од државата

Мигрантската голгота се' уште трае за државјаните од кризните земји, а во

Повеќе

Подметната заклетва во Гевгелискиот Совет

Законска обврска е новоизбраните советници по верификација на мандатот за

Повеќе

Д-р Матх избран за претседател на Совет на општина Гевгелија

Денеска напладне, на првата одржана работна седница на Советот на општина

Повеќе

Конституиран новиот состав на Советот на општина Гевгелија

Со верификација на Уверенијата за избрани членови на совет на општина Гевгелија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.