Топ Новости

Во Гевгелија регистрирана 80-та ковид жртва

Четврток, 14 Октомври 2021

Министерството за здравство со последниот извештај за корона состојбата во државата јавува за 13 ковид жртви во изминатото деноноќие. Од починатите ковид пациенти едно лице е жител на општина Гевгелија. Овој податок доаѓа како дополнување на извештајот на МЗ со доставена евиденција од „Мој Термин“ од болниците во државата, за периодот од 06.09. до 28.09.2021, во кои се известува за задоцнета пријава на 5 починати лица во државата, од кои 3 во Скопје и по еден случај на смртни ковид случаи во Гевгелија и Битола. Пациентите биле на возраст од 67 до 94 години.

Овој податок ја наполни 80-ката за Гевгелија - толку смртни случаи се евидентирани во општината од почетокот на пандемијата па до сега.

Инаку, во налетот на четвртиот корона бран во Гевгелија кој започна со првиот јулски случај па до денеска, ова е осмата регистрирана ковид жртва кај нас на југот. Иако стручњаците велат дека делта сојот на короната ги „погодува“ младите возрасни групи од 12 до 19 години кои се невакцинирани, очигледно е дека тешките, па дури и смртните последици паѓаат кај повозрасните членови на семејството кои се во допир со ковид заразено лице од семејството, или блиските лица со кои контактира.

Денешната ковид слика на југот е со следната диспозиција:
Гевгелија во моментот има 63 ковид заразени и активни лица;
- Богданци во моментот е со 17 активни случаи на ковид-19;
- Дојран бележи само 1 ковид заразено лице и успешно опстојува без ширење на епидемиологијата веќе 12 денови.

Во државата бројот на ковид-19 активните изнесува 6.602 лица во моментот.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

Странци затекнати во Гевгелија протерани од државата

Мигрантската голгота се' уште трае за државјаните од кризните земји, а во

Повеќе

Подметната заклетва во Гевгелискиот Совет

Законска обврска е новоизбраните советници по верификација на мандатот за

Повеќе

Д-р Матх избран за претседател на Совет на општина Гевгелија

Денеска напладне, на првата одржана работна седница на Советот на општина

Повеќе

Конституиран новиот состав на Советот на општина Гевгелија

Со верификација на Уверенијата за избрани членови на совет на општина Гевгелија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.