Топ Новости

Гевгелија на 5 дена пред избори

Вторник, 12 Октомври 2021

Остануваат само уште пет денови до изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021.

Додека СДСМ ги одбројува деновите до победа која ја најавува со своите многубројни митинзи, средби со граѓани, пропаганден материјал низ општината и на медиумите, остатокот од кандидатите во изборната трка во Гевгелија со мирни чекори ги ододуваат своите предизборни денови.

Изминативе две недели од кампањата сведоци сме на две дебати во кои се соочија по тројца кандидати за градоначалник од вкупно 5те кандидати за оваа функција во општина Гевгелија. На МТВ се појавија: Поцков, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Сарамандов - кандидатот на опозициониот ВМРО-ДПМНЕ и Петков - кандидатот на ЛДП и ДОМ. На регионалната телевизија Кобра од Радовиш се соочија: повторно Поцков (СДСМ и коалицијата) и Петков (ЛДП и ДОМ) и кандидатот на Интегра, Кадиев. После бледата слика која ја остави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата во МРТВ и слабите познавања на локалниот-економски живот, истиот не се појави на дебатата на ТВ Кобра.  Поцков доминираше со одговорите, познавањето на локалните потреби и проблеми, буџетската кондиција.

Единствен кандидат кој не се појави на ТВ соочувањата е независниот кандидат Петков. Тој дури вчера се промовираше со видео јавување од Динќут и презентираше слаби познавања за локалните политики, потенцирајќи го бизнис секторот од кај доаѓа и потребата од помош за развој на локалниот бизнис и спа туризмот. Кандидатот читаше, очигледно локалните политики не му се, ниту му биле предмет на интерес до сега.

Независната граѓанска листа имаше свое претставување во салата на Театарот, но отсуствува видливост од публика, приврзаници, колку тоа следбеници ја прифаќаат граѓанската опција.

Интегра се појави со една изјава на својот лидер од Градскиот пазар во Гевгелија.

Организирани беа три митинга, а имаме шест кандидатури за членови на Совет и пет градоначалнички кандидати за ЛИ во Гевгелија. Значи, 50% од учесниците во изборната трка чекаат некој да ги турне за да тргнат. Дали ќе ги потурнат гласачите, или конкурентите!?

Плакати се излепија на определените места за огласување во градот и општината. Освен инцидентот со ишараните контејнери и јавни објекти во градот со партискиот број и името на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, настан за кој се огласија со осуда од СДСМ, од ЈПКД „Комуналец“ и Општина Гевгелија, како отстапувач на огласниот градски простор, нема други инциденти и непријатни предизборни случувања во Гевгелија.

Партиските штабови одбројуваат ситно до својот изборен дуел со конкурентите и со отсликаната доверба од граѓаните на гласачкото ливче. Недела 17 октомври Гевгелија избора свои претставници во локалната самоуправа за наредните 4 години.

 

Last modified on Вторник, 12 Октомври 2021 - 17:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

Странци затекнати во Гевгелија протерани од државата

Мигрантската голгота се' уште трае за државјаните од кризните земји, а во

Повеќе

Подметната заклетва во Гевгелискиот Совет

Законска обврска е новоизбраните советници по верификација на мандатот за

Повеќе

Д-р Матх избран за претседател на Совет на општина Гевгелија

Денеска напладне, на првата одржана работна седница на Советот на општина

Повеќе

Конституиран новиот состав на Советот на општина Гевгелија

Со верификација на Уверенијата за избрани членови на совет на општина Гевгелија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.