Топ Новости

Наврнати 100 литри дожд на 1m2 во Гевгелија

Вторник, 12 Октомври 2021

Влажниот воздушен бран во Гевгелија донесе врнежи кои траеја речиси непрекинато цели пет денови, од изминатиот четврток (7.10.2021 г.) до вчера (11.10.2021), а зад себе оставија воден талог од 100 литри дожд на 1 метар квадратен.
Ова се податоци од Метеоролошката станица во Гевгелија. Таму денеска е измерена воздушна активност од 12 до 13 метри во секунда, што значи налети на ветер со брзина од 40-50 километри во секунда.

Дежурниот метеоролог Томе Узунов вели дека се' уште има услови за дожд. Надворешниот притисок е низок, а тоа создава надежи дека облаците лесно ќе се придвижат со ветерот и ќе го истурат својот воден товар.

Инаку, во својата работна кариера како стручен метеоролог Узунов вели дека природата деновиве како да ги изместила првилата. Правило е на низок воздушен притисок да се очекува дожд, а денеска ние имаме ветер, исто и изминатите врнежливи денови иако имаше висок атмосферски притисок заклучокот е дека времето требаше да биде ветровито, а не врнежливо.

Какво е такво е, наше си е времето над небесниот свод, само да успее да ја впие земјата влагата, а ветрот да не засили со моќ да нанесува штети. Максималната дневна температура денеска ќе достигне до 15-от степен од целзиусовата скала.



Last modified on Вторник, 12 Октомври 2021 - 11:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

Странци затекнати во Гевгелија протерани од државата

Мигрантската голгота се' уште трае за државјаните од кризните земји, а во

Повеќе

Подметната заклетва во Гевгелискиот Совет

Законска обврска е новоизбраните советници по верификација на мандатот за

Повеќе

Д-р Матх избран за претседател на Совет на општина Гевгелија

Денеска напладне, на првата одржана работна седница на Советот на општина

Повеќе

Конституиран новиот состав на Советот на општина Гевгелија

Со верификација на Уверенијата за избрани членови на совет на општина Гевгелија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.