Претставничката на Miss Earth 2021 од Северна Македонија, гевгеличанката Ана Брзанова, заедно со претставничките од Боливија и Непал вечерва беа во центарот на вниманието со програма во живо со водителскиот пар Jeanne Harn и Noy Sabilano!
Меѓународната манифестација за убавина Miss Earth 2021 годинава се одржува во Филипините каде учествуваат 140 претставнички од исто толку земји од светот. Меѓународниот настан „Miss Earth“ ќе трае 30 дена, а целиот спектакл ќе го пренесува „Fox TV“, па нашата македонскa-гевгелиска убавица ќе биде планетарно присутна на екраните.
Ана Брзанова вечерва се претстави дека доаѓа од Македонија, дека има 21 години и дека е студент по финасиски-менаџмент. Пред да стане модел учествувала на натпревари за убавина. Нејзини пасии се кошарката, а скриен интерес е готвењето и гледањето на „Chef Cooking“. Претставувајќи свои фотографии од младоста изјави дека секогаш била насмеана на истите бидејќи секогаш е среќна. Сака прошетки во природа, има поддршка од семејството во изброт да биде модел.
На прашањето што би направиле ако имаат три дена од животот Ана одговори:
Toa e животен предизвик. Мисли за себе дека е борец, ја преживеала битката со канцер и смета дека би преживеала се' и дека би уживала во животот. Но, ако сепак треба да одбере што би правела во последните три дена од животот тоа би биле работи што ги сака, џампинг, би се возела сама во автомобил, не би кажала никому за тоа, освен на своето семејство со кое сака да ги помине своите три последни денови од животот. Би им кажала дека ги сака и дека сака да биде органодарител, па и покрај се' да може да помогне на некој друг.
- „Уау“ беше реакцијата на водителката Jeanne Harn на одговорот од нашата Ана и додаде „Среќни сме што те имаме овде“.
Што друго мораа да одговорат Miss Earth 2021 и нашата претставничка од Македонија, гевгеличанката Ана Брзанова, погледнете од видеото:
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од вчера, 4 август