Топ Новости

Маја Спасовска - државен инструктор за ПОПИС 2021

Петок, 08 Октомври 2021

Измина една недела од реализацијта на најголемата статистичка операција во нашата земја ПОПИС 2021, девета по ред од ослободувањето на Македонија до денеска, а прв електронски попис на домаќинствата, лицата и становите што го спроведе Државниот завод за статистика.

Во 50-те пописни реони во државата пописните активности беа под надзор на државните инструктори, кои пак согласно големината на реонот имаа свои помошници регионални инструктори.

За Пописниот реон 11 во кој припаѓаа општините Гевгелија и Дојран беа назначени државните инструктори Маја Спасовска и Киро Божинов, вработени во ДЗС.

Ние ќе го насочиме освртот врз Маја Спасовска која го имаше под надзор победничкиот тим за ПР-11, а тоа е тимот на попишувачи и инстуктор за општина Дојран. Овој тим оствари три рекорди во ПР-11:

1. Попишувачот Емилија Јанкулова прва заврши со попишување на ПК-007 во Нов Дојран, за само 4 работни дена на терен, најпрва од сите 77 попишувачи ангажирани во ПР-11;
2. Попишувачот Мухамед Амедов попиша сам 7 села, кои се опфатени во 7 различни пописни кругови, од кои 4 во тешки недостапни планиснки места и со тоа стана попишувач рекордер со најмногу завршени ПК во рамките на ПР-11, и
3. Пописниот тим на општина Дојран два дена пред истекот на законскиот рок за ПОПИС 2021 на 28.09.2021 го завршија попишувањето во сите 27 пописни круга во општина Дојран, со 50% помалку попишувачи од предвиденото и со 50% помалку регионални инструктори од предвиденото, со што се тим-рекордер во ПР-11 (од вкупно 9 пописни тима во ПР-11).

Придонес кон овој резултат секако имаат сите, но на врвот од надлежностите во реализирањето на пописниот процес е Маја Спасовска, државен инструктор за ПОПИС 2021, надлежна за општина Дојран.

Спасовска ги обожава бројките, математикта, наука која стои зад секое современо откритие во технологијата и индустријализацијата кои направија бум во современата цивилизација.
Дипломирала на Природно математичкиот Факултет во Скопје. Извесно време работела како наставник по математика во основните училишта во Скопје. Во 2005 се вработува во Државниот Завод за статистика на РМ каде работи најпрво како виш соработник, а подоцна како советник за статистички математички методи. Соработува со странски делегации кои во соработка со ДЗС имплементираат унифицирани анкетни програми за одредени статистички истражувања на европско, или светско ниво. Од 2020 година Спасовска се префрла на работа во Регионалното одделение за статистика во Струмица. Прилагодувајќи се на животот и работата во југот одбира да се пресели во Дојран, станувајќи жителка на општина Дојран.

За Маја Спасовска љубовта кон бројките продолжува на ново поле, од образованието, во статистички математички методи и најновиот предизвик ПОПИС 2021.

Работејќи на пописот како државен инструктор таа не одолеа да се инфилтрира со тимот во процесот на теренската работа, да посети тешко достапни села, да попише турско домаќинство во Ѓопчели, да ги прераспределува електронските пристапи до пописните кругови за секој попишувач покажуваќи им ги границите на пописниот круг на терен, па дури и самата да се вклучи во пописниот процес како попишувач. Е, тоа искуство беше испреплетена љубов на нејзината професионална определба - математиката, со срдечниот прием од граѓаните, соговорниците кои ги посетуваше за попишување.

- „Тоа беше одлично искуство. Домаќинствата беа пријатно изненадени кога ми го диктираа матичниот број, а јас им го кажував името и презимето, читајќи од Претпописната база во компјутерот и со љубопитство погледнуваа во апликацијата, за да видат какви се' податоци има за нив“, вели Маја за теренското искуство како попишувач и средбите со жителите на општина Дојран, кои беа срдечни и без одбивање на пописот.

Пописот 2021 заврши. Маја наполни 16 години работен стаж во ДЗС и дочека да биде државен инструктор па дури и попишувач во најголемата статистичка операција во нашата земја која се организира после речиси 20 години. Пописните резултати се во обработка и првите резултати се најавени најбргу за шест месеци. Маја Спасовска е дел од тој процес на обработка. Но, додека ни' потврдат бројките колку сме „пораснале“ како нација, по број на домаќинства, станови, лица, Маја со сигурност знае дека Дојран пораснал како туристичка населба, но и жителите на Дојран во нејзините очи, заради целата срдечност која ја доживеа од луѓето во топлиот југ.

Математичарката Маја вели дека „чуда може да се направат со бројки“. Да, луѓето со бројки создавале научни и технолошки откритија и го подобрувале животот во светот. Нашето сознание е дека „чуда може да се случат од комуникација со граѓаните и средбата на граѓаните со ПОПИС 2021“. А, да ја сретнете Маја во спасувачка мисија, е тоа беше чудо за едно мало кутренце кое таа го спаси вадејќи го од една шахта, неосвоива за него, за време додека го шеташе пописниот терен во Дојран, а попатно случна цвилење на кутре од еден напуштен градежен плац. Кутрето од благодарност дојде да и' ги помириса патиките, за да запамети кој е неговиот срдечен спасител.
Маја Спасовска - соработник во ДЗС, државен инструктор, надзор над тимот-рекордер во ПР-11, попишувач, Маја спасителка!
Може таа уште многу да сработи, постигне и придонесе, само и' треба работна слобода, простор за докажување на своите способности и признание со насмевка. Еве, со овој текст, ние и' признаваме дека беше особено вредна во Дојран за време на Попис 2021.



Last modified on Петок, 08 Октомври 2021 - 20:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

Странци затекнати во Гевгелија протерани од државата

Мигрантската голгота се' уште трае за државјаните од кризните земји, а во

Повеќе

Подметната заклетва во Гевгелискиот Совет

Законска обврска е новоизбраните советници по верификација на мандатот за

Повеќе

Д-р Матх избран за претседател на Совет на општина Гевгелија

Денеска напладне, на првата одржана работна седница на Советот на општина

Повеќе

Конституиран новиот состав на Советот на општина Гевгелија

Со верификација на Уверенијата за избрани членови на совет на општина Гевгелија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.