Топ Новости

Мухамед Амедов - рекордер попишувач за ПР-11

Сабота, 02 Октомври 2021

Младиот Мухамд Амедов е дипломиран професор по турски јазик и книжевност. Со диплома за високо образование се стекнал на Факултет во Едрене, Република Турција. Тој е носител на новата генерација млади образовани граѓани од нашата средина кои професионалната реализација сакаат да ја остварат во својот крај. Жител е на Ѓопчели, општина Дојран.

Овој млад 29 годишен професор по турски јазик и книжевност како невработен лик од нашата средина аплицираше да учествува во реализацијата на најголемата статистичка операција која годинава се изведува во нашата земја, ПОПИС 2021. Со успешни резултати од тестот, успешно поминатата обука, тој стана еден од 80-члената армија попишувачи за Пописниот реон 11 во кој спаѓаат општините Гевгелија и Дојран.
Како жител на општина Дојран, каде има седум села со население од турска етничка припадност Мухамед Амедов ја доби задачата, т.е. му беа доверени на попис, сите седум села од општина Дојран со турско етничко население.

За 23 дена тој ги попиша селата Ѓопчели, Куртамзали, Дурутли, Севендекли, Органџали, Чаушли и Џумабос. Немаше врата од турска куќа каде не беше примен добредојдено, немаше домаќинство кое доброволно не ги даде податоците за пописот, немаше лице кое одби да влезе во пописната евиденција на ПОПИС 2021, заведена во електронската евиденција на ДЗС од раката на Амедов.
Мухамед Амедов, сам на мускули ја истера работата до крај предавајќи ги пописните контролници на реонскиот инструктор без ниту една грешка, без ниту едно пропуштено лице, жител на општина Дојран.

Со тоа Мухамед Амедов ја заслужува титулата РЕКОРДЕР ПОПИШУВАЧ СО НАЈМНОГУ ПОПИШАНИ ПОПИСНИ КРУГОВИ, дури 7, за време на Попис 2021.
Ваков пример на седум доверени и во целост попишани пописни кругови (територијални единици за попис) нема остварено никој во Пописниот реон 11 за Гевгелија и Дојран, што значи Мухамед е НАЈБРОЈНИОТ РЕКОРДЕР ПОПИШУВАЧ!

Запрашан како го оценува пописот 2021 тој одговори: „Ново сознание и искуство за мене. Имавме тимска соработка, со што стекнав доверба дека оваа операција ја совладав и реализирав успешно. Приемот од страна на домаќините беше срдечен, никој не одби попис, сите одговараа доброволно“ - оцени Амедов.

За Мухамед во посебно сеќавање ќе останат посетите на селата Чаушли и Џумабос, каде тој за време на пописната операција годинава не затече никого во селото, односно селата беа целосно отселени, со разрушени куќи на некогашните жители, а старите темели и рушевини ги обраснала трева, така што природата ги покрила трагите на некогашниот живот во селата. Таков е пописот, некаде ќе наидеш на пораснати населби по број на население, по изградени куќи, а некаде како Чаушли и Џумабос целосно иселени села во потрага по нова иднина.

Иднината на Мухамед Амедов е пред него, знаењето како дипломиран професор од Едрене е со него, а работната релизација е нешто што треба да го искористи нашата заедница, поточно општина Дојран. Ученици, ова можеби е Вашиот нов учител кој со насмевка Ви се претставува и очекува да го пренесе своето знаење на помладите генерации од турска националност.
Честитки за најуспешниот, најбројниот рекордер попишувач за ПР-11.
Среќно професоре Амедов!

 

Last modified on Сабота, 02 Октомври 2021 - 20:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

Странци затекнати во Гевгелија протерани од државата

Мигрантската голгота се' уште трае за државјаните од кризните земји, а во

Повеќе

Подметната заклетва во Гевгелискиот Совет

Законска обврска е новоизбраните советници по верификација на мандатот за

Повеќе

Д-р Матх избран за претседател на Совет на општина Гевгелија

Денеска напладне, на првата одржана работна седница на Советот на општина

Повеќе

Конституиран новиот состав на Советот на општина Гевгелија

Со верификација на Уверенијата за избрани членови на совет на општина Гевгелија

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.