IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Недела, 26 Септември 2021

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.
Беше оснивач на компанијата „Паскалин“ и познатиот бренд на кафе присутен во сите домови пред се' поради извонредниот маркетиншки настап и бројни наградни игри со кои го носеше вкусот на кафето во секој дом заедно со пригодни награди.
Неговите амбиции продолжиај во тој тренд да ја задоволува потрошувачката клиентела од Македонија и регионот. Беше основач и на фирмата за производство, дистрибуција на јаткасти производи . Потоа го основаше и трендот на новиот вкус на кафето под име „Евита“ и „Мерак“. Не застана тука, ја продолжи палетата на уживатели на топлите напивки со понуда на топло чоколадо, какао, капучина со разни вкусови и други мерак уживања за традиционалните семејни собирања, бизнис средби, и финале на секој ручек..

Бизнис амбициите не престанаа тука, се усмери и во полето на земјоделското произвоство и заедно со партнери ја основаше и фирмата „Баџо“ за производство на земјоделски култури, за кои изгради најсовремени оранжерии по системот капка по капка, но и со користење на топлите извори за загревање на оранжериските производи од изворите на топла вода кај Смоквица.
Основаше и свој магацин во Богданци, а неостварена амбиција му остана проектот за изградба на Спа центар со хотел со пет yвезди во атарот на Смоквица каде се наоѓаат подземните топли води во Гевгелиско, за што стапи во партнерски однос со фирма од Словенија.

Бројни пријатели, бизнис колеги и партнери денеска испорачуваат проштални пораки до директорот Пејко Илиев, гевгеличанецот кој покажа дека амбициите колку и да се големи се остварливи, со добар план, фокусираност, вистински бизнис потези и партнери кои нема да ве поткусурат.

Гевгелија изгуби голем стопанственик, маркетиншки промотор на вкусовите и плодовите од Гевгелија, спонзор на многу спортски, хуманитарни настани, подржувач на јавни настани и проекти за градот и општината.
Сочувство до семејството и сите кои го почитуваат и вреднуваа квалитетите на овој вреден човек од нашата заедница.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.