Дојранчани со пехар од фудбалски турнир во Богородица

Недела, 26 Септември 2021

Подмладкарите на ФК „Дојранско езеро“ од Нов Дојран, генерација 2012/2013 на финалните натпревари од турнирот во мал фудбал во Богородица освоија трето место..
Достигнувањето е за пофалба дотолку повеќе што на овие млади осум-девет годишни дечиња ова им е прв настап на организирани фудбалски натпревари каде можат да ги одмерат фудбалските вештини со играчи на своја возраст од други места во регионот.

Инаку, турнирот во мал фудбал во Богородица е традиционален спортски настан во ова населено место, а годинава бележи јубилеј, 20 години Меморијалниот турнир "Мирче Костов" - Богородица. На истиот настапија 25 екипи од Гевгелија и соседните општини.

Финалните натпревари се одржаа синоќа, па ги очекуваме резултатите од организаторот.
Честитки за првите пехаристи од „Дојранско езеро“ Нов Дојран кои ја споделија својата радост за постигнатото на првиот јавен настап на спортски натпревар и на социјалните мрежи, за пофалба и потстрек за понатамошни достигнувања во спортот. Мотив повеќе да тренираат и нижат спортски успеси и понатаму.



Last modified on Недела, 26 Септември 2021 - 11:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.