Празнична 7-мо ноемвриска трка во Гевгелија

Вторник, 21 Септември 2021

За Денот на ослободувањето на Гевгелија, трка на спортски слободари на делници од 5 и 10 километри во органзација на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија.

Именосецот на Денот на општина Гевгелија - денот на ослободувањето на Гевгелија, АК „7-ми Ноември“, по многубројните учества на своите членови на трки низ државата и странство, за прв пат ќе организираат трка во Гевгелија под називот „November run Gevgelija 2021″. Истата ќе се одржи на Општинскиот празник 7-ми ноември (07.11.2021 година), со старт на центарот во Гевгелија и ќе се трча пет и десет километри. Учесниците на 10 километри ќе трчаат два круга. Со ова се враќаат традиционалните трки низ улиците на Гевгелија кои во минатиот век, некаде до 70-те години, се организираа за денот на ослободувањето на Гевгелија.

Победниците на двете трки во машка и женска категорија на „November run Gevgelija 2021″ ќе добијат пехари и подароци од спонзорите, а победниците на трката од 10 километри ќе добијат и парични награди во износ:

1. место 12 000 денари

2. место 9 000 денари

3. место 6 000 денари

Пријавите за трката се веќе отворени, а котизациите изнесуваат:

Трка на 5км:

600 денари до 01.10.2021, 700 денари од 02.10.2021 до 15.10.2021,

700 денари од 16.10.2021 до 27.10.2021 (без маичка)

Трка на 10км:

700 денари до 01.10.2021, 800 денари од 02.10.2021 до 16.10.2021,

800 денари од 17.10.2021 до 27.10.2021 (без маичка)

Во стартните пакети сите учесниците добиваат: Стартен број со чип, Маичка, Станици за освежување на патеката и на целта, Pic&Go персонални фотографии, онлајн резултати, онлајн диплома, производи и ваучери од спонзори и медал за завршување на трката.

Патеката за трката „November run Gevgelija 2021“ е кружна, односно учесниците на трката на 5 километри трчаат еден круг, додека учесниците на 10 километри трчаат 2 круга. Стартот и целта на патеката е на улицата 7-ми Ноември во центарот на Гевгелија во близина на Народниот театар. Посебна трка ќе има и за деца учесници, со должинска траса од 1 километар.

На трката од 5 километри, учесниците мора да имаат најмалку 14 години, додека на трката од 10 километри, учесниците мора да имаат навршено најмалку 16 години старост.

Учесниците можат да се регистрираат на: https://runnerspot.com/event/Gevgelija

 

Last modified on Среда, 22 Септември 2021 - 11:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.