Септемвриско лето - натпросечно топло време

Четврток, 16 Септември 2021

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите на Дојранското езеро, со пријатни температури за прошетка до излетничките места за викенд. Летото како да не сака да замине.

Термометарот и во септември почна да се искачува на температури својствени за летото. Вчера беа измерени 34 степени целзиусови во Гевгелија, а денеска се очекуваа температурната скала да се пополни низ градовите во Македонија од 27 до 35-от степен. Можете да погодувате, или веќе почувствувате каде ќе биде 35-ката.

Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец е прогнозата за денеска за цела Македонија.

Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа до петок ќе се задржи стабилно, суво и сончево, со умерена локална облачност. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека од петок па за време на викендот ветерот ќе го промени својот правец во западен и југозападен и повремено ќе биде засилен на интензитет. Исто така за време на викендот, се очекува и локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите остануваат над просекот за овој дел од годината, и тоа проади влијанието на топлата воздушна маса од југ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.