Изложба на Перо Кованцалиев „Политичка лиричност“

Вторник, 14 Септември 2021

Во изложбениот простор на Уметничката галерија Амам – Гевгелија неделава на 17.09.2021 год (петок), со почеток во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба „Политичка лиричност“ од гевгелискиот ликовен уметник Перо Кованцалиев, кој живее и твори во Скопје.

Насловот на последниот ликовент творечки запис на Кованцалиев кореспондира со денешното општествено милије, бидејќи содржи апстрактни цртежи, каде чадот дефинира форми и создава длабочини - оставајќи задскриена перспектива од неговото присуството, задушлива атмосфера од неговото воспримање.

Чадот, како важен ликовен елемент, ја гради и дополнува композицијата во самото дело на истиот принцип како што чадот од согорените отпади го креира секојдневието во нашите животи. Критика насочена за сегашната пасивност кон видливите проблеми со кои се соочуваме и неажурноста на институциите кон посочените проблеми и несовесноста на поединци, кои придонесуваат за апатичната состојба во која се наоѓаме. Делата носат длабок филозофски поттекст, праќајќи визуелни пораки кон набљудувачот, будејќи храброст и доживување, давајќи поттик и мотивација...

Перо Кованцалиев магистрирал на Катедрата за вајарство на Факултетот за ликовни уметности и активно работи како самостоен уметник. Имал повеќе самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби во земјава и странство.

Настанот е во организација на Н.У.Музеј – Гевгелија, поддржан од Министерство за култура на Р. Северна Македонија.

Изложбата ќе биде поставена во галерискиот простор на Амамот во период од 17 Септември до 06 Октомври 2021 год. Иатата ќе се организира во согласност со сите актуелни важечки протоколи и мерки за организирање на настани од овој тип.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.