ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Понеделник, 13 Септември 2021

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во него е реализирана кумулативната бројка од над 502.000 граѓани.

Успех во попишувањето на терен има и во Пописниот реон 11 каде се опфатени Гевгелија и Дојран. Пописниот циклус го спроведуваат 77 попишувачи поддржани од своите реонски инструктори и државни инструктори од Државниот Завод за статистика кои се овде распределени за работа до реализацијата на ПОПИС 2021.

- "Упатувам голема благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција“, соопшти премиерот Зоран Заев.

Тој информира дека до денеска, заклучно со 18.00 часот, попишани се повеќе од 502.000 лица.

- "Им честитам на сите ангажирани лица при спроведување на пописот и на Државниот завод за статистика, за нивната професионалност и за посветеноста на сите попишувачи кои работат на терен на цела територија на нашата држава. Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември“, стои во објавата на премиерот.

„Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во бирото за попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас“, објави ДЗС на официјална Фејсбук страница за Попис 2021.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.