Битиќи во Гевгелија: Татковината се сака со засукани ракави, со срце и дела

Вторник, 07 Септември 2021

Вечерва во Гевгелија се одржа промоција на кандидатот за градоначалник на Општина Гевгелија од СДСМ, Сашо Поцков. Честа да го претстави и да ги искаже заложбите на партијата за нова победа со кандидатот кој гради и ја менува Гевгелија ја имаше потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економија Фатмир Битики.

Тој пред гевгеличани посочи дека најдоброто за Гевгелија е човек што умее да се грижи за себе, за другите, за семејстовто, за општината, за сите во зедницата.
- „Грижата за младите е отварање на нови работни места. Наскоро ќе следува потпишување на меморандум за соработка со најдобрата Стопанска комора со задача да донесе не помалку од 15 нови инвестиции со висока технологија кои ќе отворат нови работни места во ТИРЗ Прдејци. Платите на вработените во ТИРЗ Прдејци да биде 35.000 нето. Ако просекот на работниот труд не биде 22.500 денари тогаш овие инвеститори ќе немаат право на субвенции од државата. Се трудиме да отвараме работни места за високовреднуван труд, а не работни места за ниско платен труд. Тие кои ги губеа работните места за плата од 15.000 денари, со преквалификација ќе ги оспособиме за работа во високоиндустрискиот-технолошки сектор. Така се грижиме за следните генерации. Татковината не се сака на друг начин освен со дела!“

Ова беше поентата на промоцијата на Битиќи пред гевгеличани. Тој и самиот ги покажа своите засукани ракави со пораката. „Победуваме зошто го нудиме најдоброто за секоја општина. Победуваме зошто работиме со засукани ракави, полно срце и љубов кон татковината!“

Актуелниот градоначалник, претендент за нов четиригодишен мандат за прв чоовек на Општина Гевгелија Сашо Поцков, пред присутните се заблагодари за поддршката од своите сопартијци за изборната победничка трка за новиот градоначалнички мандат. Ги спомена вложувањата за време на својот изминат мандат, посочувајќи дека можеби наследената презадолженост од старата локална власт не дозволи 100%-но остварување, но затоа пак не сме на нивото на кое беше Гевгелија во 2017 кога тој ја превзеде локалната власт, туку напредната, комунално средена Гевгелија, обновени училишта, отворена детска градинка во Прдејци, два клона за јасли во Миравци и Негорци, со реализирани капитални проекти.

Пред присутните зборуваа и м-р по земјоделски науки Блажо Стојанов и претставник од НВО секторот Катица Хаџи-Николова.

 

Last modified on Вторник, 07 Септември 2021 - 23:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.