АББА: Нов албум после 40 годишна пауза

Петок, 03 Септември 2021

Музичкото патување на шведската група АБА продолжува.
Минаа 40 години откако членовите на култниот шведски бенд АББА беа во студио. На петти ноември излегува нивниот нов албум „Voyage“. Тој содржи десет нови песни, а се најавуваат и концерти.

Крај на паузата
Минаа 40 години откако Бјорн Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фелтског и Ани-Фрид Лингстад беа заедно во студио. На петти ноември излегува нивниот нов албум „Патување“- „Voyage“. Содржи десет нови песни, од кои две веќе можат да се слушнат. Следната пролет, шведската четворка ќе настапи во Лондон како холограмска проекција. За таа цел, облекоа специјални одела.

Победа на Евровизија 1974
Приказната за успехот на АББА започна со песната Ватерло на Песната на Евровизија во Брајтон во 1974 година. Се проценува дека бендот досега продал повеќе од 380 милиони плочи.

Првичниот неуспех
Една година пред првото учество на Евровизија, АББА не успеа да мине во Шведска на предизборот со песната „Ринг Ринг“. Дотолку поголема беше радоста следната година. „Ватерло“ ја напиша Бени Андерсон (на сликата лево). Уследија бројни други хитови кои и денес се слушаат на радио, вклучително и „Dancing Queen", „Money, Money, Money", „Super Trouper" и „The Winner Takes it All".

Светска слава
Во 1977 АББА тргна на светска турнеја со концерти во Европа и Австралија. Истата година „ABBA - The Movie“ исто така ја прослави светската премиера во Австралија. Групата подоцна настапуваше и во добротворни цели, на пример на Генералното собрание на ОН во Њујорк во 1979 (на фотографијата). Приходите од песната „Chiquitita" која беше изведена таму до денес оди на сметката на УНИЦЕФ.

На пауза од 1982
Она што започна така хармонично во 70-те, пукна на почетокот на 1980-те. Фрида и Бени се разведоа, а во 1982 групата се раздели или, како што тогаш беше соопштено од бендот- направи „пауза“. Пауза која, на радост на фановите, сега конечно завршува.

Продуктивни и покрај паузата
Додека Агнета и Фрида продолжија со своите поединечни, сампостојни кариери започнати уште пред бендот, Бени и Бјорн продолжија да работат заедно: го напишаа успешниот мјузикл „Мама Миа!“ по кој беше снимен и филм.

Музеј во Стокхолм
Не постојат многу бендови кои имаат свој музеј. Во Стокхолм, со интерактивна изложба, во 2013 беше отворен „АББА- Музејот“. Таму уште тогаш можеа да се видат 3Д холограмите кои наскоро ќе тргнат на турнеја како „АББАтари“.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.