Корона скок: ЦЈЗ Гевгелија со 19 новозаразени

Четврток, 19 Август 2021

Падна и последниот бастион од короната на југот од државата - Богданци денеска регистрира 5 инфицирани од ковид-19, со што општинската карта на Македонија се пополни со комплетна покриеност со корона во сите региони од Македонија.

Денеска ИЈЗ јавува за 1.158 новозаразени од ковид-19 во земјата. Од тоа 13 новорегистрирани се во општина Гевгелија, 5-мина во општина Богданци и 1 новозаразен во Дојран.

Со последниот извештај на ИЈЗ, во регионот на надлежност на Центарот за јавно здравје Гевгеија и Општа Болница Гевгелија во моментот се евидентирани 24 лица активни на ковид-19, (17 во Гевгелија, 5 во Богданци и 2 во Дојран).

Активните случаи во Македонија има 8.675 лица, а денеска освен 166 оздравени во државата се регистрирани и 19 смртни случаи.

Ваквиот корона галоп ги интензивираше посетите на граѓаните на вакциналните пунктови против ковид. Во Општа Болница Гевгелија бројот на вакцинирани веќе надмина 10.000 лица, а заедно со имунизацијата спроведена во масовните регионални центри во државата тој број е речиси 15.000 лица.



Last modified on Четврток, 19 Август 2021 - 20:17

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.