11-ти „Д Фестивал“ започува вечерва во Дојран

Петок, 13 Август 2021

Дводневната фестивалска концертна забава „Д Фестивал“ започнува вечерва на големата сцена кај паркингот Гранит во Дојран.

Традиционалниот домаќин денеска ги прими првите посетители, сценските монтери, гостите кои ќе се придружат овие два дена во публиката. Влезот се отвара во 20:00 часот.

- „Сценските настапи се резервирани за Gorgon City, Dubioza kolektiv, Djaikovski, Foltin, Smut, Smoke Mardeljano, Strajk Oficijalen Profil, Repetitor, 21 Vek и уште повеќе... Два дена љубов, музика, плажа, езеро и фестивалските луѓе повторно заедно! Создаваме поубав свет“ - велат огранзаторите на традиционалниот летен музички фестивал во Дојран, „Д Фестивал“.

ВАЖНО!! за сите кои поседуваат фестивалски влезници: денеска и утре, од 12 до 20 часот во канцелариите на Туристичкото биро кое се наоѓа пред самата Општина во Дојран ќе може да ја промените својата карта со алка која ќе ви овозможи избегнување на било каква потенцијална гужва за време на настанот.
За сите што нема да стигнат преку ден, по 20 часот заменското место ќе биде на главниот и препознатлив пункт за продажба на билети пред Главна бина каде што ќе може да го замените својот билет за фестивалска нараквица.

Влезниците за двата фестивалски дена се 800 денари, односно 850 со три дена кампување, а за еден ден цената е 500 денари. Организаторот известува дка важат и купените билети за фестивалот закажан за 2020 година, кој беше одложен поради пандемијата.

Најверната публика, првите кампери веќе се на старо место во исчекување на првата фестивалска но вечерна забава.
Last modified on Петок, 13 Август 2021 - 17:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.