Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Опш. Болница Гевгелија досега вакцинира 7.398 граѓани

Понеделник, 26 Јули 2021

Денеска во Општа Болница Гевгелија започна нов ден за вакцинација на граѓаните, ревакцинација, како и закажување за вакцинирање во домашни услови.
Прием на најава за вакцинација во домашни услови се врши на телефонскиот број 075/276-974 во период за закажување од 10 до 12 часот; а може и лично со посета на вакциналниот пункт во ОБ Гевгелија за посочување на потребата од посета на тимот во домашни услови за вакцинирање на неподвижно, болно или старолице.

Вакциналниот тим составен од осум здравствени работници предводени од д-р Тодорка Окова и тројца доброволци од Црвен Крст Гевгелија денешниот работен ден го започнува со реализација на салдо од досега изведени вакцинации:
- Вкупно 7.398 вакцинирани граѓани;
- Ревакцинирани 2.321 граѓани;
- Вакцинирани при посета на теренска вакцинација вкупно 1.268 граѓани.

Овие бројки до пред недела дена ја квалификуваа општина Гевгелија како трета општина во државата со висок процент на вакцинирани граѓани, 41% од вкупниот број на населението во општината. За изминатите денови процентот на вакцинален опфат расте, а интересот на граѓаните за вакцинација зголемен. За тоа зборува процентот на одзив на граѓаните при посета на вакциналните тимови на населените места со реализација од 96,8 лица во просек дневно, пред една недела, а до денеска тој процент е зголемен на 126,9 лица дневно.

Теренската вакцинација продолжува и денеска со посета на населените места:

26 јули, 2021 год:
08:00-12:00 ч.- Богданци;

27 јули, 2021 год:
08:00-10:00 ч.- Моин;
10:00-12:00 ч.- Ново Конско.

Имунизацијата на населението против ковид е единсвена опција да се избегне појавата на нов ковид бран, регистрирани заболени со тешки клинички слики и несакани смртни исходи од контактот со вирусот. Затоа надлежните препорачуваат да се искористи летниот период за навремена вакцинација и достигнување солиден степен на колективен имунитет на наелението од ковид-19.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.