Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Македонскиот гениј Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Сабота, 24 Јули 2021

Осмоодделенецот Дамјан Давков од Штип на Светската математичка олимпијада ИМО 2021, освои сребрен медал и со тоа стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот. Оваа вест на социјалните мрежи ја објави неговата мајка Никица Давкова.

– „По пауза од десет години Македонија има пак сребро. Има и две бронзи и две пофалници. Честитки до водачот на тимот проф. д-р Ристо Атанасов и до заменик водачот проф. д-р Мирко Петрушесвки. Голема благодарност до сите, кои на свој начин учествуваа во подготовките на Дамјан. Благодарност до СММ и Мирко Петрушевски кој организираше олимписки подготовки за македонските натпреварувачи, вели во Фејсбук статусот Давкова.

Таа се заблагодарува и на новиот ментор на Дамјан, и како што вели и до некои наши поранешни натпреварувачи, кои денес живеат и работат во странство, а од кои имаат голема поддршка.

Дамјан е ученик во VIII одделение во основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип и годинава учествуваше на Државниот натпревар по математика за средншколци, каде се покажа за најдобар од сите учесници освојувајќи убдливо прво место.
12 годишниот Давков освои злато на Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) чиј формален домаќин беше Кишињев, Молдавија, а со одржа во јуни годинава,

Малиот Дамјан својот талент за учење и знаење го покaжал уште многу мал. На возраст кога уште не знаел да зборува, а тоа на помалку од двегодишна возраст, тој веќе знаел да ги разликува броевите 2 и 12. Течно читал кирилица и латиница на неполни три години. Во неговиот роден Штип го нарекуваат „чудо од дете“ и штипски Питагора. Далеку од очите на јавноста, тој со години наназад ниже успеси кои го радуваат и него и неговото семејство. Речиси и да нема натпревар на кој малиот математички генијалец не ја покажувал својата супериорност, па дури и пред повозрасните од него.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.