Топ Новости

Бојана - Дете на денот

Четврток, 22 Јули 2021

Бојана Проданова од Гевгелија денеска е „Дете на денот“ на социјалните мрежи во избор на „Жена, макја, божица“. Нејзина фотографија денеска е објавена во истоимената рубрика на оваа фејсбук група. Групата има над 22.000 членови, што значи дека изборот на понуда е голем, а добиените гласови за Бојана се исто така во завиден број.

Нејзината фотографија до групата која ги вреднува жените, нивниот труд и значењето во животот, ја испрати нејзината баба Савка Проданова, родена Дојранлиева. Таа е горда на своето потомство, двете деца и четирите внуци, но најмалата Бојано е секако најмила и омилена содружничка за прошетки, игрите и седенки со баба.

На фотографијата Бојана позира пред еден гевгелиски кафиќ лоциран на главната улица, очигледно расположена после прошетката и спремна за фотосесија и дружење. На наградената фотографија таа има три години.

Бојана наскоро наполни шест години, а на есен се подготвува да стане прваче. Дека е веќе спремна и желна за нови знаења покажува и досегашниот нејзин труд за што веќе има и добиено награда од Институтот за култура и уметност при Меѓународниот славјански универзитет (фото бр. 02).

Наши деца, наши убавини, гевгелиски!

Среќна е денеска Бојана,а ние и посакуваме среќно лето, среќна учебна година и среќа во понатамошниот живот.
За другите убавици изборот на социјалните мрежи е и понатаму отворен.

Last modified on Четврток, 22 Јули 2021 - 21:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.