Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

„Фајзер“ за вакцинација на децата во Гевгелија и регионот

Четврток, 22 Јули 2021

Со почетокот на имунизација на децата во државата кон акцијата се приклучи и Општа Болница Гевгелија. Опфатот е предвиден за деца од 12 до 17 годишна возраст и за нив е резервирана вакцијата „фајзер“.
Досега во Гевгелија интерес за вакцинација против ковид-19 пројавиле 40 деца, сите пријавени преку системот „vakcinacija.mk“.

Вакцинацијата се изведува во вакциналните пунктови во кругот на Општа Болница Гевгелија, во поранешниот објект на Кожното одделение. Вацинирањето против ковид-19 е доброволно за сите граѓани, па и за оваа возрасна група.

Напоредно, на терен во населените места во општината се изведува и теренска вакцинација со посета на мобилни тимови од лекар и медицински сестри вработени во Општа Болница Гевгелија. Од почетокот на теренската вакцинација до сега, во изминатите 10 денови посетени се 18 населени места и доброволно се вакцинирачле 996 граѓани, што во просек значи по 99,6 односно околу 100-на лица дневно.

Теренската вакцинација продолжува да се извадува заклучно до 27 јули. Според распоредот мобилните вакцинални тимови ќе ги посетат местата според овој временски редослед:

23 јули, 2021 год:
08:00-10:00 ч.- Фурка;
10:00-12:00 ч.- Ѓавото;

26 јули, 2021 год:
08:00-12:00 ч.- Богданци;

27 јули, 2021 год:
08:00-10:00 ч.- Моин;
10:00-12:00 ч.- Ново Конско.

Имунизацијата на населението против ковид е единсвена опција да се избегне појавата на нов ковид бран, регистрирани заболени со тешки клинички слики и несакани смртни исходи од контактот со вирусот. Затоа надлежните препорачуваат да се искористи летниот период за навремена вакцинација и достигнување солиден степен на колективен имунитет на наелението од ковид-19.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.