Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Зголемени стипендиите за студентите

Среда, 21 Јули 2021

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки стипендии.
Ова се новите промени кои ги усвои Владата за стимулирање и вреднување на трудот на студентите, нивните знаења и успеси, но и со цел подобрување на стандардот на младите

Освен зголемување, со одлуката на Владата се проширува и опфатот на студенти со стипендии, но и се воведуваат нови и се враќаат стипендии кои биле укинати во минатото. За оваа намена годишниот буџет е зголемен за 35%. Ова го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со претставници на студентските и средношколските организации и сојузи кои беа активно вклучени во креирањето на новите политики за стипендирање.

- “Во делот на поддршката на студентите, ќе доделуваме стипендии во 11 различни категории. За 9 категории износите ги изедначуваме и ќе бидат 6.050 денари на месечно ниво, што значи пораст во однос на тоа што досега се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари“, рече Царовска.

Изедначувањето се однесува на вкупно 2.840 стипендии кои ќе се доделат со стартот на новата академска година. Стипендиите за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.

- „Овде стимулацијата е најпотребна, бидејќи се соочуваме со преголем дефицит на овој тип на кадар“, рече Царовска.
Студентските здруженија ја поздравија одлуката за зголемување и проширување на категориите на стипендии кое беше долго очекувано нивно барање и најавија продолжување на успешната соработка со МОН.

За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси и заинтересираните навремено ќе бидат информирани за сите услови, критериуми и рокови за остварување на ова право.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.