Стартуваше „КМФ турнирот 2021“ во Миравци

Вторник, 20 Јули 2021

Синоќа, (понеделник, 19 јули), на терените во Миравци се вклучија рефлекторите за почеток на вториот турнир во мал фудбал „КМФ Миравци“ - 2021. После свеченото отварање во 22 часот први на теренот истрчаа екипи од Миравци (2), од Јосифово,  и Гевгелија.
Резултати од првата натпреварувачка вечер на „КМФ Миравци“ 2021 се:
„Бачило“ Миравци - Кафе бар „Проект“ Јосифово 1:4
Кафе „Париз“ Миравци - Фризeрски салон „Кинг“ Гевгелија 0:11

Во саботата беше извршено ждребувањето на екипите за турнирот во мал фудбал „КМФ Миравци“ - 2021, за кое учество пријавија 24 екипи во сениорски ранг. Организаторот остави дополнителни 24 часа за финализирање на пријавите за јуниорските екипи во мал фудбал кои ќе бидат дел од натпреварувачката програма на турнирот. Досега се пријавени 12 јуниорски екипи. Организаторот ги смета за валидни пријавите за јуниорски екипни состави .доставени од возрасно лице, претставник (спонзор на екипата). „Секое пријавување од малолетни лица ќе го важиме за нелегитимно“, велат надлежните на турнирот.

За категоријата  „јунинри“ предвидени се екипи од генерациите: 2005-2006; генерација 2007-2008, генерација 2009-2010. Најмладите учесници на фудбалска екипа се на возраст од  2011 -2012, за што од КМФ турнирот очекуваат уште пријава за еден таков генерациски тим за да може да се реализира фудбалски натпревар. од оваа возраст на најмлади фудбалери.

Неколкудневната фудбалска треска во Миравци ќе заврши со прогласување на победниците за кое веќе е обезбеден награден фонд од 210.000 денари, а ќе бидат доделени 100.000 денари за Прво место, 60.000 денари за освоено Второ место, 40.000 денари за Трето место и 10.000 денари за Четврто место.

- „По една година пауза од пандемијата, теренот на кој израснаа многу деца повторно ги вклучува рефлекторите. Она што нам ни е од особено значање е да го вратиме животот на игралиштето, а останатото ќе си дојде самото по себе“ изјавуваат организатрите на турнирот горди на фактот што од фудбалските терени на Миравци и од локалниот турнир „ТИХО“, па и овој турнир се калеше и нашиот репрезентативец во националниот фудбалски дрес Тихомир Костадинов.

 

Last modified on Среда, 21 Јули 2021 - 04:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.