Драматична победа на Хамилтон на Формула 1

Недела, 18 Јули 2021

- „Не дозволив ништо да ми застане на патот“ изјави победникот на Формула 1, Луис Хамилтон после денеска освоената трка на Британскиот Гран при.

Луис Хамилтон по осми пат во кариерата победи на домашното гран-при во Формула 1, откако денеска ја преживеа стартната драма на Силверстоун и на крајот славеше пред домашната публика која беше навистина еуфорична на крајот.

Актуелниот светски првак беше казнет со десет секунди поради инцидентот кој го предизвика со Макс Ферстапен уште во првиот круг, сценарио кое на крајот беше одлучувачко за конечниот исход на трката.

Макс Ферстапен излета од патеката во ситуација кога доби допир во задното тркало, додека Хамилтон остана на патеката и на крајот стигна до победата и покрај казната од 10 секунди која мораше да ја одработи во боксот.

Британецот доби многу критики за валканото возење на домашната трка, но тој по победата истакна дека Ферстапен не му оставил доволно простор на свиокот на кој настана инцидентот.

– Секогаш се обидувам да бидам умрен во секој напад кој го имам на патеката, особено кога станува збор за Макс кој е многу агресивен возач. Денеска бев крај него и тој не ми остави доволно простор на патеката и затоа дојде до судир.

– Нема да кажам дали се согласувам со казната која ја добив или не, но тоа беше дополнителен мотив да продолжам да работам денеска. Не дозволив ништо да ми застане на патот и затоа победивме. Навистина сум пресреќен, ова беше физички тешка трка. Посебно сум горд што победив дома, ова е најдобрата публика во Формула 1, никаде нема ваква толпа навивачи, – изјави Хамилтон.

Last modified on Недела, 18 Јули 2021 - 21:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.