Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Гевгелија со нов ковид случај

Сабота, 17 Јули 2021

Гевгелија денеска го евидентира првиот јулски случај на корона инфицирано лице, известуваат од Институтот за јавно здравје. Ова е 2.196-от случај на корона заболен во Општината од почетокот на епидемијата до сега.

Новоинфицираниот гевгеличанец е нотиран заедно со денешниот извештај на ИЈЗ за 19 новозаразени со ковид-19 во рамките на државата. Територијалниот распоред на новозаразените со ковид е следен: Осум новозаразени се од Скопје, Тетово 5, Куманово 2 и по еден случај во Гстивар, Кочани, Дебар и Гевгелија.

После две победи над коронавирусот во рамките на општина Гевгелија, во мај минатата година и јуни годинава, Гевгелија се одржа само 21 ден како општина без корона. Последниот оздравен од вкупно заболените во текот на пандемијата (2.195 лица) беше регистриран на 27 јуни годинава кога општина Гевгелија стана 15-та општина во државата без корона, со „нула“ случаи на ковид-19 меѓу своите граѓани.

Олабавувањето на мерките, летната раздвиженост, дружењето, патувањата на годишни одмори, посетите на роднини во текот на летото го донесоа и првиот случај на новоинфициран во Гевгелија.

Последните денови во државата се бележи благ тренд на преовладување на двоцифрен број на новозаразен, наспроти едноцифрениот број на оздравени од коронаинфицираните во земјата. Денешната состојба е 246 активни на ковид-19. Оваа бројка е во постојан благ пораст веќе десетина дена. Министерството за здравство регистрираше најмал број на активни случаи во државата на 7 јули годинава со тогашен статус од 141 активни на ковид-19 и од тогаш за десет денови бројката порасна за 105 лица, односно 75%.

Присуството на делта сојот во Македонија, за кој стручњаците велат дека е двоен мутант кој е многу позаразен од британскиот сој, бидејќи може да се пренесе и бесконтакт со заразено лице, (доволно е разминување на улица, или тротоар во близина со инфицирано лице), ја прави состојбата напната: дали ни' претстои нов четврти по ред корона бран кој ќе го предводи делта сојот што се појави во Индија и предизвика илијадници смртни случаи?

 

Last modified on Сабота, 17 Јули 2021 - 15:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.