Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Три ЕМИ номинации за филмот „ТИНА“

Четврток, 15 Јули 2021

Тина Тарнер за својот документарен филм за животот, бракоразводот, за богатата музичка кариера од Асоцијацијата за доделување на „ЕМИ“ наградите вчера официјално доби три номинации, вклучително и во категоријата за најдобар специјален документарец

Таа на социјалните мрежи им честиташе на филммејкерите за трудот да го отсликат нејзиниот живот на филмската лента, па напиша:

„Мојот живот. Мојата приказна. Честитки за #TinaFilm и режисерите Дан Линдзи и Т.J. Мартин за 3 номинации за „Еми“, вклучително и за извонреден специјален документарец.

Тина Тарнер има 81 година и откако се избори за опоравување после преживеан мозочен удар, вртоглавица, рак, трансплантација на бубрег и загуба на нејзиниот најстар син, таа сè уште се насмевнува и ни покажува дека отровот можеме да го претвориме во лек.

Со извонредни сценски перформанси во кои доминира нејзиниот динамичен танц и со глас што го плени светот Тина Тарнер оствари близу 60 годишна музичка кариера. изведувајќи 8 светски соло-турнеи и со над 260 милиони продадени плочи доби почесно место како соло уметник во светската музичка историја.

Тина Тарнер е дел од поставките во Домот на славните во рокенролот.

- „Апсолутно сум воодушевена што сум вклучена во Домот на славните во рокенролот меѓу толку неверојатни уметници! Ви благодарам за целата ваша постојана љубов и поддршка низ годините! Ве сака, Тина“ - напиша таа на социјалните мрежи.

Еве го нејзиниот фејсбук пост во кој искажува задоволство од успехот на „ТИНА“.

- „Интимен портрет на жена која ги надмина крајните неволји за да ги дефинира својата кариера, нејзиниот идентитет и нејзиното наследство по свои услови. Ова е приказна за Тина Тарнер“ - напиша Sky Documentaries. За документарецот „Тина“ HBO Documentary Films на ден пред премиерата напиша цитат од нејзиното искажување во филмот и го најавува како „вистинска приказна за животот и музиката на легендарната Тина“: - „Бев млада, наивна, селска девојка и сè само ми се отвори пред мене“. #TinaFilm, вистинска приказна за животот и музиката на легендарната Тина Тарнер“ Еве едно музичко сеќавање на незаборавната Тина
Last modified on Четврток, 15 Јули 2021 - 02:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.