Италија е шампионот од EURO 2020 и по вторпат е на европскиот трон!

Понеделник, 12 Јули 2021

Репрезентацијата на Италија се искачи на континенталниот трон, откако во финалето на Европското првенство ја победи Англија по пенали со 3-2 (1-1).
Италија е новиот европски шампион откако „аѕурите“ во супердраматично финале го совлада домаќинот Англија на „Вембли“, по подобро изведување на пенали. Херој на финалето беше Донарума, кој ги одбрани последните два пенали на Санчо и на Сака, за огромна италијанска радост откако по 120 минути игра резултатот гласеше 1-1.

Англичаните имаа почеток од соништата, откако веќе во втората минута стигнаа до водство. Трипие нафрли од десната страна кон вториот дирек, каде Шо одлично се снајде и со прецизен волеј-удар го матираше Донарума, за најбрз гол на финалните натпревари на европските шампионати. Раното водство им овозможи на Англичаните да го контролираат темпото на натпреварот, умешно затворајќи ги приодите кон сопствениот гол.

Пресметката на „Вембли“ имаше различни периоди, домаќинот рано поведе, а Бонучи ги врати „Аѕурите“ во игра. Иако дуелот можеше да биде решен порано, не беа искористени шансите па по подобро изведување казнени удари Италија втор пат стана европски првак.

Белоти е првиот што потклекна под притисокот, откако Пикфорд го запре неговиот удар во втората серија. Рашфорд, кој влезе во игра во 119. минута токму за овој пенал-рулет потфрли шутирајќи во дирекот во третата серија, која заврши со израмнети 2-2. Четвртата серија донесе реализација на Бернардески, па промашување на Санчо, но кога се очекуваше печат на титулата од Жоргињо, Пикфорд го одбрани неговиот удар во петтата серија. „Вембли“ замолкна во петтата серија, Сака беше третиот Англичанец во низа што не успеа да го совлада Донарума, за шампионски трофеј за Италија.

Англија првпат игра финале на Европско првенство, а веќе 55 години чека на голем трофеј, уште од мундијалската круна на СП 1966, кој е единствен трофеј во витрините на „трите лава“. Од друга страна, Италија игра ново финале по 2012 година, но иако е четирикратен светски првак, прв и последен пат освоила европска круна пред 53 години, во далечната 1968 година.

Last modified on Понеделник, 12 Јули 2021 - 00:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.