ВИДЕО: „Порок“ нова песна на Тамара Тодевска

Сабота, 10 Јули 2021

„Урбан Рекордс“ на својот „Јутјуб“ канал ја промовираше новата песна и видео на Тамара Тодевска со наслов „Порок“.
Македонската поп-пејачка, двојна претставничка на Македонија на Евровизија, гевгелиска снаа и мајка во спотот се појавува како фам фатал и за еден ден од објавата на јутјуб има над 18.000 прегледи.

Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжман повторно во соработка на Лазар Цветковски и Тамара, а микс и мастеринг на Лазар Цветковски.

Спотот го изработиле Били Д и Гордан Божиновски, како модел се појавува Имам Тотиќ, снимен е во студио во Скопје, а за стајлингот на Тамара како фам фатал се погрижи Игор Марков.

Поп-ѕвездата летово најави два спектакуларни солистички концерти под отворено небо, во Охрид и во Хераклеа, со почитување на сите мерки против Ковид-19.

Концертот во Античкиот театар во Охрид е закажан за 27 јули од 22 часот, а концертот во Античкиот театар Хераклеа е закажан за 1 август од 21.30 часот. Влезниците за двата концерти се пуштени во продажба.

- „Нешто сосема ново од Тамара, изгледа уште се немам навикнато на ваквата Тамара“, „Браво, друга димензија, од почеток до крај!“, „Топ песна“, беа само дел од коментарите на „Јутјуб“.

Тамара на својот инстаграм профил ја подготвуваше својата публика на новитетот со неколку провокативни фото избори.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.