Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Д-р Софијанова од Гевгелија: Вирус или зачмаеност на имунолошкиот систем кај децата

Петок, 09 Јули 2021

Тим од лекари специјалисти од Универзитетската Детска Клиника од Скопје на чело со директорката д-р спец. педијатар Аспазија Софијанва претпладнево пристигна во Општа Болница Гевгелија каде ќе се испитува големиот број на пациенти деца со симптоми на горноресираторен проблем од кои некои завршиле со ниска сатурација и потреба од кислородна поддршка. За целта на посетата и испитувањата д-р Софијанова изјави:

- „ Ме радува што колегите од Гевгелија го пријавија овој случај. Тука сме со тим од Универзитетската Детска Клиника, лекари од различни специјалности. Овде сме да утврдиме што се случува, зошто имеме зголемен број на деца со горна респираторна симптоматологија. Доаѓаме со конкретна опрема од Клиниката за да земеме цел еден респираторен панел, за точно да утврдиме дали се работи за вирус, мутација на вирус, или нешто што во овој период знае да се јави, како солмонела или некој друг вирус од сосема трет сој. Тоа ќе го знаеме откако ќе направиме увид во клиничката слика на децата и се разбира дијагностиката која ја носиме со себе, и она што колегите веќе го направиле вчера“ - изјави денеска д-р Аспазија Софијанова, директор на Универзитетската Детска Клиника во Скопје.

За случајот на 50-на деца од Гевгелија на возраст од неколку месеци до 5 години кои се лекувале на детското одделение во Гевгелиската болница за кои не е утврден причинителот на горнореспираторните проблеми кај децата, од кои некои побарале и третман на детската Клиника во Козле, дали е ова ковид мутација, или делта сој кај децата, д-р Софијанова истакна: .

- „Ова е постковид период и може да е последица од тоа, но и зачмаеност на имунолошкиот систем кај децата. кои поради короната со месеци седеа дома, не се движеа, и како да замре целата работа во однос на промоција на имунолошкиот систем. Сега се здружија, се враќаат назад во градинките, нормално е овие горнореспираторни т.н. синспецијални вируси да се јавуваат и да го прават овој епидемиски момент на горнореспиратони синдром. Се соочуваме со нови ситуации, ова не е мал број на појава на симптоматологија кај децата, но затоа сме тука со целиот тим и со драгите колеги да видиме до кај се работите“.

За денеска д-р Аспазија Софијанова рече дека ќе направат прелиминарен увид на клиничката состојба кај децата кои се хоспитализирани во Детското одделение на Општа Болница Гевгелија, а потоа ќе направат дополнителни испитувања на Универзитетската Клиника за детски болести уште денеска, и до вечер ќе биде информирано и Министерството за здравство и јавноста за тоа што се случува реално со малите пациенти во Детското одделение од гевгелиската Болница

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.