Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Директорот на БЈБ Тасевски во посетa на јужната граница и ГП Богородица со Амбасадорот и полициско аташе од Италија

Среда, 07 Јули 2021

Денешниот јулски ден и горештините не ги спречуваат бегалците во своите нелегални намери да стигнат до земјите од ЕУ, па не ги спречи ниту државните институции заедно со Амбасадори на европски земји да ја посетат нашата јужна граница и да посведочат за безбедносните мерки кои се спроведуваат за спречување на илегалната миграција во земјата.
Така, денеска (среда, 07.07.2021 г.), директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски, заедно со делегација од Република Италија, предводена од амбасадорот Андреа Силвестри и полициското аташе Диего Морели ја посетија јужната граница, поточно Гевгелискиот и Дојранскиот регион.

Делегацијата најнапред го посети граничниот премин Богородица од каде се упати кон местото викано „Вршник Бара“, каде што беше презентиран начинот на обезбедување на државната, т.е. зелената граница, а пред присутните беа претставени и современите технички средства за обезбедување на границата. Во рамки на посетата обиколка беше направена и на местото викано „Чука“, каде пред присутните беа посочени најчестите места кои мигрантите ги користат за илегално преминување на границата.

Дополнително беа посетени и граничниот Камен 59, место познато од периодот на мигрантската криза, како и привремениот транзитен центар „Винојуг“. Посетата на делегацијата на јужната граница заврши со работна средба на граничниот премин Дојран, каде од надлежните беше запознаена со трендовите на илегална миграција во Дојранскиот регион.

Амбасадорот Силвестри изрази исклучително задоволство од начинот на справување на нашата полиција со мигрантската криза, истакнувајќи ја нејзината клучна улога во менаџирањето и спречувањето на илегалната миграција.

 

Last modified on Среда, 07 Јули 2021 - 19:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.