Плескавици од модри патлиџани и печурки

Вторник, 06 Јули 2021

Сезонската понуда на медитерански плодови го прави изборот на семејната трпеза богат со вкусови и нови можности. Ви предлагаме да ги испробате модрите патлиџани како состојка за подготовка на вкусни вегетаријански плескавици.

Модрите патлиџани се многу добар извор на диетални влакна. Тие се идеални за регулирање на телесната тежина, бидејќи нè одржуваат сити подолго време!
Овој медитерански плод може да биде избор за подготовка на вашиот оброк со тоа што ќе ви одзеде време од само 45 минути.

Ова се потребните Состојкиза подготовка на медитеранските ќофтиња со модри патлиџани:

- 3 модри патлиџани
- 6 сецкани шампињони
- 3 рендани чешниња лук
- 2 лажици семе од сусам
- 4 лажици брашно
- 1 лажица мелено семе од лен
- 2 лажици сецкан копар
- 1 лажичка мајчина душица
- 1/2 лажиче ким
- сол
- пипер
- масло за пржење

Подготовка:
Измијте ги патлиџаните и излупете ги. Исецкајте ги и измешајте со печурките. Загрејте 2 лажички масло во тава и додадете модри патлиџани, печурки, лук, зачини и билки. Покријте и оставете да се динстат во своите сокови мешајќи повремено, околу 7 минути. Извадете го капакот и продолжете да готвите уште 5 минути.

Извадете ги состојките од тавата и префрлете ги во голема чинија. Додадете ги преостанатите состојки, измешајте добро и измешајте малку со лажица, а ако сакате хомогена смеса може да употребите и рачен миксер.

Обликувајте ги плескавиците со рацете и печете ги од 2 до 3 минути на секоја страна.

Можете да послужите со пире, со парче сирење, или павлака.

Добар апетит.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.