Почина Рафаела Кара -италијанска музичка и ТВ икона

Понеделник, 05 Јули 2021

Рафаела Кара беше пејачка, танчарка, актерка и водителка, или сублимирано кажано - Икона на италијанска музика и телевизија, денес попладне почина во својта 78-годишна возраст. Тажната вест за италијанските медиуми ја потврди нејзиниот долгогодишен партнер Серхио Јапино, пренесува „Индекс“.

„Таа почина денес во 4:20 часот попладне, по болеста што веќе некое време го напаѓаше нејзиното ситно тело, а сепак толку полно со енергија“, пишувало во соопштението до јавноста.

Телевизиските гледачи од минатиот век најповеќе ја знаат по хитовите „Tuca tuca“ и „A far l’amre comincia tu“.

Кара глумеше во десетици филмови помеѓу 1960 и 1970 година, вклучувајќи го и „Von Ryan’s Express“ од 1965 година со Френк Синатра.

Истата година, Рафаела глумеше во музичката комедија „Scaramouche“. Во 1960-тите години, таа се појави во телевизиски емисии како „Tempo di Danza“, „Il Paroliere“ и „Questo Sconosciuto“.

Во 1971 година, таа постигна уште еден успех во ТВ-шоуто „Canzonissima“, изведувајќи ја тематската песна „Chissà se Va“.

Од средината на 70-тите години, Кара беше попларна тв-водителка на разни емисии во Италија како „Ma Che Sera“, „Fantastico 3“, „Pronto… Raffaella?“, „Domenica In“, „Weekend con Raffaella Carrà.

Во 1984 година, неделникот „L’Espresso“ ја опиша Кара како личност која добила повеќе аплаузи од претседателот Пертини, била поскапа од фудбалерот Мишел Платини и почудесна од современиот светец Падре Пио.

Во 2013 година, Рафаела Кара се врати на малите екрани како ментор на шоуто за таленти „The Voice of Italy“, а истата година беше објавен нејзиниот последен албум „Replay“.



Last modified on Понеделник, 05 Јули 2021 - 23:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.