Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Трагична сообраќајка за 22 годишник од МК во Грција

Понеделник, 05 Јули 2021

Дваесет и двегодишно момче од Македонија загина во сообраќајна несреќа што се случила во неделата (4.07.2021 г.) утрото околу 6.30 часот по локално време во познатото грчко летувалиште Халкидики, објави грчкиот портал, „Халкидики њуз“ (https://www.halkidikinews.gr).

Сообраќајната несреќа се случила на патот Полихроно-Ханиоти, каде 22-годишниот возач под засега неразјаснети околности изгубил контрола над својот автомобил и се превртел.

Младиот човек кој дошол на годишен одмор на Халкидики починал веднаш на местото на несреќата, бидејќи бил исфрлен преку шофершајбната надвор од автомобилот.

Неговиот 21-годишен совозач бил повреден и пренесен во болницата во Полигирос.

Причините за несреќата ги испитува Одделот за сообраќај на Неа Муданија.

Веста одекна траорно во Гевгелија, како за младата загуба, така и по сознанието дека се работи за двајца млади жители на Гевгелија.

 
Фото: halkidikinews.gr

 

 

Last modified on Вторник, 06 Јули 2021 - 00:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.