Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

СВР Гевгелија поднесе 10 кривични пријави за гевгеличани и други сторители

Недела, 04 Јули 2021

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при СВР-Гевгелија поднесе 10 кривични пријави против седум физички лица од Гевгелија, Негорци, Јосифово и Кочани и за  две правни лица од Гевгелија. 

Основот за кој се теретат осомничените е според Кривичниот Законик на РМ, член 206, поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Кривични пријави се поднесени на:

- Б.М. (54) од Гевгелија,се терети дека сторил две кривични дела - поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“;
- правно лице од Гевгелија,
- и за Т.Д. (34) од Гевгелија - управител на правно од Гевгелија,
- неименувано правно лице од Гевгелија,
- и Џ.М. (32) од Гевгелија – управител на неименуваното правно лице од Гевгелија,
- П.Д (59) од Гевгелија,
- Ѓ.Ф. (22) од с.Јосифово, валандовско. и
- Р.П .(56) од с.Негорци, гевгелиско,
- Ј.Ф. (47) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Првиот гевгеличанец на списокот на Кривичи Пријави, лицето Б.М. (54 г.) на 01.05.2021 година, во 00.20 часот, во атар на с.Николич и Нов Дојран, на места викани „Титови пионери“ и „Ачикот“, од страна на полициски службеници при извршена контрола над Б.М. било констатирано дека тој не се придржувал кон мерката за забрана за движење на населението, (тогаш на сила беше „Полицискиот час“). Притоа Б.М. бил забележан како поставува мрежа за ловење риба, односно средство кое не е дозволено за риболов во водите на Дојранско Езеро, во близина на местото каде бил затекнат.

За останатите шестмина кои заработија КП е констатирано од страна на полициски службеници при извршени контроли дека истите (горепријавените) во периодот од 27.03. до 03.06.2021 година, не ги почитувале мерките за спречување и ширење на ковид-19 и непочитување на забраната за движење на населението и јавниот превоз на територијата на државата. Казнените одредби се проследени и до правните лица на лицата затекнати во службени дејствија за време на „полицискиот час“ спротивно на мерките и здравствените прописи за време на епидемија. (Член 206 став 2 од КЗ).

Според Кривичниот законик на РМ во Главата за „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ е нотиран Член 206 во кое е содржана следната санкција за сторителот/те на кривичното дело:

„(1) Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.“



Last modified on Недела, 04 Јули 2021 - 18:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

IN MEMORIAM - Почина Пејчо Илиев

Пејчо Илиев, долгогодишен гевгелиски бизнисмем почина ненадејно од срцев удар.

Повеќе

Пронајден хероин во Гевгелија, пeтмина приведени

Полициски службеници од Гевгелија и Струмица денес (22 септмври), по претходно

Повеќе

Пожар во локомотива на Македонски железници

Второ опожарување на железничка локомотива годинава.
Денеска наутро (21.09.2021

Повеќе

Септемвриско лето во Дојран

Езерската убавина на Дојранскиот јужен бисер, уште во првите мугри, со својата

Повеќе

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.